Сириски блогер избоден со нож во неговиот дом во Истанбул откако добил закани на интернет

Blogger Asaad Hanna receiving treatment at an Istanbul hospital after being stabbed in his home earlier today. Photo credit: Asaad Hanna's Facebook page

Блогерот Асад Хана при третман во истанбулска болница откако бил избоден во неговиот дом мината вечер. Фотографија на: Фејсбук страницата на Асад Хана

Сирискиот блогер и новинар Асад Хана, кој воедно е и автор на Глобал Војсис, беше нападнат и избоден четири пати во стомакот во Истанбул, Турција, минатата ноќ.

На фејсбук, Хана, кој се здобивал со разни закани онлајн, објави:

تعرضت مساء امس لهجوم على بيتي من شخص مجهول ضربني بشي حاد ببطني اربع طعنات مما سبب دخولي للمشفى وخرجت قبل قليل للمنزل
لا اتهم احد بالموضوع لكن لا استطيع ان اقول انها صدفة، فالفاعل طرق الباب وضربني ولم يسرق شيئ من البيت، وكان قد سبق عدة جهات وان ارسلت لي تهديدات.
انا بصحة جيدة وقمت بتقديم ضبط للشرطة

Бев нападнат во мојот дом минатата вечер од непознато лице кој ме избоде во стомакот четири пати. Бев подложен на третман во болница и само што ме пуштија. Не обвинувам никого меѓутоа не можам да кажам дека беше случајност бидејќи напаѓачот тропна на вратата, ме нападна, и не зема ништо од домот. Претходно сум добивал закани од разни фракции.
Здравствено сум добар и поднесов полициски извештај

Хана, од Алепо, исто така е и бранител на човекови права и работи како независен новинар откако избегал од неговата држава растргната од војни.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.