Протести во Венецуела

Students trying to persuade riot police in Caracas, Venezuela. Copyright Demotix. Photo by Carlos Becerra on 12 February 2014.

Студент се обидува да ја убеди полицијата во Каракас, Венецуела. Авторски права Demotix 12 февруари 2014. Фотографија на Карлос Бакера.

Демонстрациите започнаа на крајот на јануари, со студенти кои користеа мирни, јавни собири со цел залагање за подобра безбедност во универзитетските домови. Протестите започнаа во Тахира но се проширија во повеќе градови низ земјата до средината на февруари, откако неколку студенти демонстранти беа уапсени под обвиненија за криминално однесување.

Смртоносни судири

На 12ти февруари 2014, припадниците на специјалната полиција и вооруженото обезбедување користеа насилна сила со цел преземање контрола врз демонстрциите во Каракас, по што тројца го изгубија својот живот. Два анти-владини демонстранти и еден владин поддржувач умреа од повреди од куршум. 

Лидерот на венецуелската полиција Леополдо Лопез се предаде себеси на полицијата на 18ти февруари 2014. Тој е обвинет за поттикнување насилство за време на неодамнешните улични протести, на кои погинаа најмалку четворица.

Лопез ги негира обвиненијата. Пред да се предаде себеси тој изјави, „Се предавам себеси на неправедно судство. Тие сакаат да ги затворат венецуелците кои сакаат мирна, демократска промена.“

Порано оваа година, Лопез ја даде својата поддршка за анти-владините протести покренати од студенти. Наскоро откако Лопез се предаде себеси, венецуелскиот претседател Николас Мадуро повика за прекинување на насилството. 

Опозицијата се вклучува кон протестите 
Студентите добија поддршка од граѓаните и опозициските лидери како што е и самиот Лопез, поранешен студент од Харвард, кој исто така бара олеснување од недостатокот на храна и решенија социо-економските проблеми кои и влијаат на популацијата. Со порастот на инфлацијата изминатите месеци, насилниот криминал драматично се зголеми и многу венецуелци се неспособни да ги задоволат своите основни потреби. 

Замолчени медиуми
Ситуацијата добива голема покриеност од интернационалните медиуми, додека медиумите во Венецуела кои се обидоа да пишуваат за протестите им се заканија со парични казни, според законот кој „забранува дистрибуција на медиуми кои шират говор на омраза и насилство.” Колумбиската кабловска телевизија NTN24 беше прекината од емитување на 12ти февруари, наводно поради покривање на протестите. 

Корисниците пријавија дека на многу независни и про-опозициски блогови и интернет медиуми им е забранет пристапот на CANTV, венецуелскиот интернет провајдер (во владина сопственост) кој има скоро целосен монопол врз националниот телеком маркет. 

Активистите и медиумските работници кои користат социјални медиуми за известување во врска со протестите исто така се соочуваат со големи препреки. На 13ти февруари, Твитер корисниците не можеа да праќаат или добиваат слики во земјата, наводно поради владините напори да ги блокираат мултимедиските сервери на Твитер. 

Повик за одговорни социјални медиуми
Нетизените се сега главните во ширењето на информации. Изјави на очевидци, фотографии, видеа и екстремни мислења и стравови изјавени како од опозициските групи, така и од про-владините, го преплавија интернетот преку хаштази, твитови и блогови. 

Групи на нетизени откриваат гласини и лажни вести на социјалните медиуми и повикуваат на одговорно известување од страна на нетизените.

Глобална поддршка
Венецуелците кои живеат надвор од земјата организираа демонстрации за поддршка на тековните протести во Венецуела. Сликите се објавени на соицјалните мрежи со хаштазите #iamyourvoicevenezuela (#јассумтвојотгласвенецуела) #SOSVenezuela (#СОСвенецуела) #PrayForVenezuela (#МолиСеЗаВенецуела).

Глобал Воисес покриеност 

Март 19 Новата безбедносна агенција на Венецуела: го набљудува интернетот без судски надзор [англиски]
Март 17 #SOSVenezuela: Хаштаг на реалноста [англиски]
Март 08 Видео го прикажува полициското насилство во Венецуела (или е тоа Колумбија?) [англиски]
Март 07 Што имаат да кажат владините поддржувачи за протестите во Венецуела? [англиски]
Март 06 Венецуела ги пресекува врските со Панама [англиски]
Март 06 Неофицијалната музика на протестите во Венецуела: La Vida Boheme [англиски]
Март 05 Перуанската левица тежи во венецуелските протести [англиски]
Март 04 Венецуелска ТВ станица не ги прикажуваше оскарите за прв пат во 39 години [англиски]
Март 04 Пеачот Рубен Бладез и претседателот Мадуро разговараа за Венецуела [англиски]
Февруари 28 Претседателот на Уругвај Хозе Мујика одбива “странски вмешувања” во Венецуела [англиски]
Февруари 25 Фотографии: Венецуелските жени маршираат за мир во Каракас [англиски]
Февруари 25 Листа на загинати во протестите достапна на 5 јазика [англиски]
Февруари 24 Верзијата на Венецуела која засекогаш ќе ја памтам [англиски]
Февруари 24 Кус преглед на ситуацијата во Венецуела за заинтересираните или оние кои се слабо информирани [англиски]
Февруари 23 Walkie-Talkie апликацијата Zello е блокирана во Венецуела [англиски]
Февруари 23 Венецуелците во Мексико до демонстрантите: “Не сте сами” [англиски]
Февруари 22 Венецуела: Затемнување на интернетот во Тахира [англиски]
Февруари 21 ГВ лик: Венецуелски протести
Февруари 21 Венецуелски протести: Драги интернационални медиуми – приклучете се! [англиски]
Февруари 20 Насилството ескалира со продолжувањето на протестите во Венецуела [англиски]
Февруари 20 Венецуелската победничка за убавина погина од повреда од куршум за време на протестите [англиски]
Февруари 19 Фотографии: венецуелците во други земји ги поддржуваат протестите [англиски]
Февруари 19 Гласини и лажни фотографии предизвикуваат повици за поодговорни социјални медиуми во Венецуела [англиски]
Февруари 18 Венецуелскиот опозициски лидер Леополдо Лопез се пријави себеси [англиски]
Февруари 18 Венецуела: полицијата заплени мобилни телефони на демонстранти [англиски]
Февруари 18 Собирање податоци за восможна интернет цензура во Венецуела [англиски]
Февруари 16 Фотографии: протестите продолжуваат низ Венецуела [англиски]
Февруари 15 Рефлексии од протестите и хаосот во Венецуела [англиски]
Февруари 15 Венецуела: Твитер фотографиите се блокирани поради протестите [англиски]
Февруари 14 Венецуела: 3ца мртви од протестите додека заканите до медиумите ескалираат [англиски]
Февруари 12 Венецуела: авторитетите се закануваат да ги казнат медиумите за покривање на протестите [англиски]

Извори

BBC Mundo (Шпански)
Како режисер со својот прв филм го измени светот на венецуелските студентски протести (The Guardian)
Венецуелците поделени и на улиците и на Твитер (Al Jazeera Blog)

Твитер

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.