- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Цената на новинарската цензура во Кина

Категории: Источна Азија, Кина, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Слобода на говор

Во Кинескиот медиумски проект [1], Чанг Пинг дискутира за импликациите на случајот на Веи Јинин, кој ја злоупотребува својата моќ за контролирање на онлајн новинарството. Чанг верува дека случајот треба да ја забрза рефлексијата на корупцијата на самиот пропаганден систем. Чанг вели [1]:

Најверојатно е комплицирано за повеќето луѓе дури и да замислат како млад одговорен за веб-котрола може да проголта милиони во мито. Којзнае за колку повеќе е способен одговорниот за пропаганда кој е на повисоко ниво, со скоро безгранична моќ? Но тајниот карактер на пропагандата е таква што ниту еден медиум никогаш не би се осудил да напише за корупцијата која постои помеѓу комисарите чија работа е да ги контролираат токму нив.