- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јапонија го направи јавниот превоз посоодветен за родители со колички за деца

Категории: Источна Азија, Јапонија, Граѓански медиуми, Идеи, Туризам
Photo of crowded train in Japan by flickr user Tom(CC BY-NC-SA 2.0) [1]

Преполн воз во Јапонија. Фото од Flickr корисникот Tom. CC BY-NC-SA 2.0

Јавниот транспорт во Јапонија може да биде преполн со гужва особено во големите градови како Токио, а сето тоа го прави комплицирано место за родителите кои ги туркаат своите деца во колички. Со толку малку простор, многумина се соочиле со предизвикот да балансираат меѓу паѓањето на количката и држењето на своето дете за време на возењето. 

Но, сега Јапонците веќе нема да треба тоа да го прават. Јапонското министерство за земја, инфраструктура и транспорт стандардизираше [2] правила во сите системи кои им овозможуваат на количките да бидат дел од јавниот транспорт без предходно да бидат склопени. Министерството дизајнираше приоритетни седишта за родители кои ќе бидат маркирани со посебна налепница. Сепак новите правила ќе ги поттикнат родителите да ги склопуваат количките кога одредена линија е преполна со гужва. 

Според извештајо [3]т на министерството, за деталите кои стојат зад имплементирањето на овие нови правила не постојат достапни статистики кои би прикажале како се употребуваат бебешките колички во јавниот транспорт. Но сепак, проценето е дека во големите градови 1-2 патника се со колички во јавниот транспорт, што е за 20 до 30 пати повеќе отколку патниците во инвалидски колички.

Извештајот исто така посочува и на компарации со други региони каде на пример Токио е помалку удобен за луѓето кои ги носат детските колички во јавниот транспорт: 

The image published by Ministry of Land, Infrastructure and Transport  symbolizing the idea that parents carrying baby stroller can keep it unfolded when getting on the train s or buses.

Фотографија објавена од јапонското министерство за земја, инфраструктура и транспорт. Родителите нема да мораат повеќе да ги склопуваат количките кога ќе се возат во возови или автобуси. 

・混雑時に公共交通機関にベビーカーを折りたたまずに乗車することを不快・迷惑と感じる人の割合が多い。
・ベビーカーで移動する際に公共交通機関を利用する頻度が高いが、その際、車内でベビーカーを折りたたむ割合も比較的高い。
・ベビーカー利用時に周囲の方による手助けが少ない。

  • Стапката на патници кои ги вознемируваат несклопени бебешки колички во преполните линии е повисока [во Токио]
  • Луѓето кои патуваат со бебешки колички употребуваат јавен транспорт почесто, и имаат навика често да ги склопуваат количките кога се внатре 
  • Многу малку од останатите патници им помагаат на луѓето со бебиња

Твитер корисникот yukixxxx го објасни општото однесување кон родителите кои ги носат своите бебиња во јавниот транспорт:

Ние треба да продолжиме да го имаме предвид времето, местото и приликите. Ја ценам владата која ја разгледа оваа тема, додека некои се уште велат дека „треба да ја склопувате количката“. Иако јас никогаш не сум се возел на овие возови со бебешка количка бидејќи сум исплашен како другите патници би гледале кон мене. 

Одговарајќи на новите правила [6], корисникот meimei коментира:

Го ценам тоа дека го воведоа ова правило. Секогаш сум се чувствувал незгодно со земањето на екстра простор [со количката] во воз. Секако, сепак ќе се возржам од возење во преполни возови. 

Твитер корисникот Momoko Maeno се сеќава на времињата кога таа патувала со своето бебе: 

Хмм, гледам како се менуваат работите од ден на ден. Порано кога се грижев за моето бебе не сакав да се возам во воз со количка и патував носејќи го бебето во кенгур. Резултатот е дека моето дете порасна и стана едно од оние кои не сакаат да се возат во количка.

Друг корисник, maguro610, потсеува на она што е некажано правило меѓу патниците: 

Драго ми е дека го слушам ова! Моите деца имаат 18 години, но порано кога беа бебиња беше многу тешко да се носат во болница. Беше нормално да се склопи количката иако возовите не беа преполни. Морав да ги носам двете деца едно во едната, друго во другата и да ја туркам количката со предниот дел на телото. 

Патниците со колички за бебиња се соочуваат со проблеми на станиците, како заглавување на тркалата од количката или потешкотии во движењето меѓу спратовите. Најголем дел од метро станиците имаат најмалку еден лифт, наменет за повозрансните или за оние со инвалидски колички. 

Некои веб корисници реагираат негативно на ова ново правило. Една мајка е скептнична за неговата ефективност по проследувањето на реакциите во вестите:  

Мислам дека новото правило нема да смени ништо. Тажна сум дека гледам толку остри коментари и реакции во вестите, немам желба да излегувам надвор [со моето бебе].

Правењето на јавниот транспорт поудобен за патниците со бебешки колички може да биде прв чекор во правењето на Токио универзално пристапен град пред Oлимписките и Параолимписките игри во 2020 година [15].

Овој пост е уреден од Л. Финч