- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Глобал Војсис е во потрага по уредник за јавно здравство

Категории: Популарен напис, Еден месец, Прв напис!, Два написа, Три месеци, Шест месеци, Една година, Две години, Пет години, Здравје, Човекови права

Глобал Војсис е во потрага по уредник за јавно здравство

Опис на работата: Уредникот за јавно здравство ќе биде одговорен за пишување неделни написи, кои ги опфаќаат најновите дискусии и теми поврзани со јавното здравство и човекови права во земјите во развој на граѓанските медиуми, како блогови, подкаст и видео блогови. Тој/таа ќе работи заедно со остатокот од уредничкиот персонал на Глобал Војсис [1] (раководители, регионални и јазични уредници) и ќе се очекува да присуствува на редовните онлајн уреднички состаноци.

Бидејќи ГВ е виртуелна организација, од уредникот за јавно здравство нема да се очекува да се пресели. Пристап до брза конекција за интернет ќе биде клучен фактор во успешно извршување на оваа работа.

Позицијата вклучува:

Ова е работа со неполно работно време со скромен надоместок, за луѓе кои се желни да помогнат во ширење на гласовите на активистите на здравството за човековите права во земјите во развој. Исто така претставува огромна можност за вклучување во глобалната комуникација од блогери, кои работат на иновативните граѓански медиуми.

Услови: Нашиот идеален кандидат поседува интернационална перспектива и солидно искуство во граѓанските медиуми и јавното здравство. Солидно познавање на англискиот јазик, вештини во пишување и уредување се задолжителни, а важно е да поседува и добро познавање на моменталните алатки, веб сајтови и трендови во граѓанските медиуми во светот. Запознаеност со регионите на Суб-Сахарна Африка, Источна Европа и Централна Азија е особено пожелно. Тој/таа треба да ја поседува способноста да работи независно и одговорно, со само далечинско надгледување.

Идеално, тој/таа ќе има способност за читање и пишување во барем еден друг јазик освен англискиот, како и работно познавање на други јазици. Предност ќе имаат кандидати кои живеат надвор од Соединетите Држави и западна Европа.

За да се пријавите, ве молиме испратете го своето CV и писмо за интерес на outreach@globalvoicesonline.org. Крајниот рок за пријавување е сабота 24 мај, 2008 година.