- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мјанмар: Фотографии од штетите од земјотресот

Категории: Источна Азија, Мјанмар (Бурма), Граѓански медиуми, Катастрофи, Хуманитарен одговор

Земјотрес со јачина од 6,8 степени [1] го погоди североисточниот дел на Мјанмар во вторникот навечер на 24-ти март 2011 година, кој што се почувствува во околината на Тајланд па дури и до Виетнам и Кина. Во земјотресот [2] загинаа најмалку 70 луѓе и беа уништени повеќе од 240 објекти само во Мјанмар. Силни потреси исто така беа забележани во градовите Чјанг Маи и Чјанг Раи во Тајланд.

Бројот на жртвите ќе расте. Според извештаите, повеќе од 80 ковчези [3] беа продадени во Тачилек во петокот наутро на 25-ти март. Експертите го опишаа овој земјотрес како трета најголема природна катастрофа што ја погоди Бурма после циклонот Наргис [4] во 2008 година и циклонот Гири [5] во 2010 година.

Независниот весник The Irrawaddy ги интервјуираше жителите од Мае Саи [6] во Тајланд. Во писмо објавено од Шан Хералд, Џаи Нои [7] ги раскажа влијанијата од земјотресот врз луѓето

Почитувани сите таму

Цела ноќ бевме под штрек, малку дремевме додека очекувавме нешто да се случи. Мобилните и фиксните телефони не работеа како што треба. Куќата сè уште не е оштетена. Цела ноќ седевме малку внатре, малку надвор. Се надевам дека оваа електронска порака ќе стигне до вас. Има голема штета на 40 км северно од Талер и мостот беше уништен. Слушнав дека повеќето од градовите биле зафатени и дека имаат само еден доктор, повредените биле испратени во Тачилеик каде што нема капацитет за нив. Има најмалку 80 жртви. Уште нема информации за нив. Сигурно има многу штета. Центарот е околу Мернг Лејн, 59км северно од Маесаи, како што кажаа вестите. Сè уште има потреси.

На блогот akm-kuntha беа прикачени [8] фотографии на кои што е прикажана штетата на патиштата во Тарле, град кој е оддалечен 20 милји (околу 35км) од Тарчилеик.

[8]

[8]

[8]

[8]

Блогот Демократски гласови на Бурма исто така прикачи [9] фотографии од штетите од земјотресот. Еве некои од реакциите на Твитер од Јангон

@ascmmr: [10] Почитувани фанови, се надеваме дека сте добри и безбедни по земјотресот. Ако сте го почувствувале земјотресот од 24-ти март 2011 година во 20:25.

@minnyoonthit [11]: Земјотресот предизвика големи штети во северен Шан, во областа на Тачилеик ( преку 100 луѓе се мртви, неколку луѓе се повредени).

@blacksumo [12]: Бестрага, дали земјотресот беше вистински?? мислев дека мојата тетка халуцинира …