Мјанмар: Фотографии од штетите од земјотресот

Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди североисточниот дел на Мјанмар во вторникот навечер на 24-ти март 2011 година, кој што се почувствува во околината на Тајланд па дури и до Виетнам и Кина. Во земјотресот загинаа најмалку 70 луѓе и беа уништени повеќе од 240 објекти само во Мјанмар. Силни потреси исто така беа забележани во градовите Чјанг Маи и Чјанг Раи во Тајланд.

Бројот на жртвите ќе расте. Според извештаите, повеќе од 80 ковчези беа продадени во Тачилек во петокот наутро на 25-ти март. Експертите го опишаа овој земјотрес како трета најголема природна катастрофа што ја погоди Бурма после циклонот Наргис во 2008 година и циклонот Гири во 2010 година.

Независниот весник The Irrawaddy ги интервјуираше жителите од Мае Саи во Тајланд. Во писмо објавено од Шан Хералд, Џаи Нои ги раскажа влијанијата од земјотресот врз луѓето

Почитувани сите таму

Цела ноќ бевме под штрек, малку дремевме додека очекувавме нешто да се случи. Мобилните и фиксните телефони не работеа како што треба. Куќата сè уште не е оштетена. Цела ноќ седевме малку внатре, малку надвор. Се надевам дека оваа електронска порака ќе стигне до вас. Има голема штета на 40 км северно од Талер и мостот беше уништен. Слушнав дека повеќето од градовите биле зафатени и дека имаат само еден доктор, повредените биле испратени во Тачилеик каде што нема капацитет за нив. Има најмалку 80 жртви. Уште нема информации за нив. Сигурно има многу штета. Центарот е околу Мернг Лејн, 59км северно од Маесаи, како што кажаа вестите. Сè уште има потреси.

На блогот akm-kuntha беа прикачени фотографии на кои што е прикажана штетата на патиштата во Тарле, град кој е оддалечен 20 милји (околу 35км) од Тарчилеик.

Блогот Демократски гласови на Бурма исто така прикачи фотографии од штетите од земјотресот. Еве некои од реакциите на Твитер од Јангон

@ascmmr: Почитувани фанови, се надеваме дека сте добри и безбедни по земјотресот. Ако сте го почувствувале земјотресот од 24-ти март 2011 година во 20:25.

@minnyoonthit: Земјотресот предизвика големи штети во северен Шан, во областа на Тачилеик ( преку 100 луѓе се мртви, неколку луѓе се повредени).

@blacksumo: Бестрага, дали земјотресот беше вистински?? мислев дека мојата тетка халуцинира …

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.