Саудиска Арабија: „Демонстрациите се забранети во оваа земја“

Советот на врховни свештеници во Саудиска Арабија објави соопштение во кое се забрануваат јавните протести.

@Almatrafi ја сподели изјавата од органот на чело со муфтијата Шеик Абдул-Азиз Ал ал-Шеик преку електронска порака на Твитер [арапски]:

Советот на врховните свештеници потврди дека демонстрациите се забранети во оваа земја. Правилниот начин според Шариа ( исламскиот закон) за реализирање на заемните интереси е преку советување, како што проповеда пророкот Мухамед.

Изјавата продолжува:

Реформите и советите не треба да се реализираат преку демонстрации и други начини кои предизвикуваат нереди и поделби, вака не учат религиските проповедници од оваа земја кои во минатото и сега забрануваа и предупредуваа.

Ова изјава предизвика бурни реакции од саудиските жители на Твитер, под ознаките  #saudimataleb и #Kebaralolama. Подолу се некои:

@alduaa
لا اعلم ما التعريف الحقيقي لهيئة كبار العلماء والى اي جهة ينحازون ولا اعلم من اي عقليه ينحدرون#saudimataleb

Незнам која е вистинската дефиниција на советот на врховните свештеници или на која страна се или на кои определби тие припаѓаат!!

@yaseral
في زمن تساقط الاقنعه وانكشاف الحقيقه ….اتت هيئه كبار العلماء واسقطت جميع اقنعتها وفقدت مصداقيتها لدي الشعب #kebaralolama #saudimataleb

Во времето кога маските се спуштени вистината е обелоденета, советот на врховни свештеници ги извади маските и го изгуби кредибилитетот

@nouralnour55
الحج اكبر المظاهرات فهل يعنى تحريم التظاهر من هئيه كبار العلماء اليوم تحريما للحج #ksa #mar11 #saudi #Saudimataleb

Хаџ е најголемиот протест, дали ова исто така е забрането?

@SaHeRManam
#SaudiMataleb #OnlyInSaudi هيئة كبار العلماء وشرايكم تكرمونا بسكوتكم وتاكلون رز بلبن افيد للصحه

Почитуван Совет на врховни свештеници, што велите на тоа да замолчите и да уживате во убав оброк од ориз и млеко, добро е за вашето здравје.

@onsaudirights
خسرت كبار العلماء فرصة غالية لاسترداد شيء من مكانتها #saudimataleb

Советот на врховни свештеници изгуби брилијантна можност да си по подигнат достоинството

@Sarah_Alshawi
سقطة يا هيئة كبار العلماء و ما اعظمها من سقطة. و ياليتني استطيع القول انها الاولى… الشكوى لله

Каква грешка направи Совету на врховни свештеници! Сакам да кажам дека ви е прва но…  ги испраќам моите поплаки до Алах

И на крај @SaudiLawyer прашува:

((والهيئة إذ تؤكد على حرمة المظاهرات في هذه البلاد))!!٠ ممكن أحد يشرح لي لماذا فقط: (في هذه البلاد)؟ #Kebaralolama

„Советот на врховни свештеници вели дека демонстрациите се забранети во оваа држава“. Може ли некој да ми објасни зошто само во „во оваа земја“?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.