Овој напис е дел од нашето специјално покривање на земјотресот во Јапонија 2011.
По денот кога земјотрес со јачина од 8,9 степени ја погоди Јапонија, експлозија во нуклеарната централа Фукушима Даичи, 150 милји (околу 240 километри) северно од Токио, предизвикаа збунетост и страв од тоа што може следно да се случи. Засега, се смета дека нуклеарните реактори не се оштетени и дека радијацијата не протекува. Сепак, илјадници луѓе се евакуирани од околината на двете нуклеарни централи во провинцијата Фукушима. Многу поврзувања беа направени со разорната катастрофа во Чернобил во СССР во 1986 година, но сè уште не се знае колкава ќе биде штетата во Јапонија ниту пак колку животи ќе ја чинат. Како показател на загриженост е и најновиот хештаг „спаси ја Фукушима“.
Страв во Фукушима
Секако луѓето кои што работаат во централата Фукушима и оние коишто живеат во близина се изложени на најголемиот ризик. На Твитер, постојат неколку пораки кои изразуваат поддршка и загриженост.
@take_c: 福島原発で、必死で戦う現場作業員に敬意を払う。家族も恋人もいるだろうに、自分の家も被害を受けているだろうに。爆発・被爆の恐怖とも戦いながら、必死で戦う現場作業員に、敬意を。
@Soc214:友 達のご主人がここの制御にあたるため福島向かったらしい…着いてないと良いな…不謹慎だけど知り合いが危険な所に居ない事だけをまず祈ってしまう…。とり あえずテレビ報道下手すぎて状況分からず… 新聞はスピード面で大敗を期す模様。私は無力~ㅜㅜㅜ
Мамичке (まみ), студентка, објавува од Фукушима велејќи дека била исплашена:
@mamionbiscuit: 福島です。怖いです。もうやだ。どうして原発なんかあるの?どうして福島にあるの?ひとが作った物なのに、ひとが安全を確保できない物なんて必要ないよ。悲しいことが増えるだけ。なんもいいことないよ。ほんと怖い。怖いよ。
Можеме ли да им веруваме на вестите?
Во петокот, на денот на земјотресот, телевизиските вести едвај ги спомнаа нуклеарните централи. На интернет, може да се најдат празни шпекулации и неколку гласини. Многу луѓе се загрижени бидејќи не ја слушаат целосната вистина од владата, која можеби само ја одбегнува опасноста од паниката и кривицата. Во саботата, владата издаде наредба да се евакуираат жителите кои живеат во близина до централата во Фукушима во радиус од 20км.
На Твитер, Такеши Фунју (@tksfn) шпекулира во врска со тоа дали владата крие некои информации.
@tksfn: 実家があるいわき市勿来の母とまだ直接話せてはいないが、姪っ子のメールで安否確認はできた。しかし次に福島原発の危険性も出てきた。政府の情報開示に疑問だな。
@yyyhonda: 福島原発の問題は、世界が注目しているから政府もさすがに情報隠蔽はできないだろう。 本気で情報が収集出来てないとしたら、それはそれで大問題だが…
Совети како да се постапува во случај на радијација се емитуваат на националната телевизија НХК , вели @ydme286.
@ydme286:(福島原発)NHK等で出てる注意事項を覚えきれないという方がいたら「花粉症の時みたいに」と考えてみて下さい。なるべく屋内、マスクする、家に入る時は衣服を払う、手・顔を洗う等、実際にやる事は花粉症の人が普段する行動と結構似ています。#save_fukushima
Апел за смирување
Многу апелираат на луѓето да се воздржат од ширење гласини и поттикнување паника.
@marquee77: 福島第一原発のニュース、正式発表があるまで、ツイートを控えましょう。不安をあおるばかりで、何の益もありません。
@PABUR0216: 僕個人の考えでは原発の爆発は天災だと思っています。誰が悪いなんてありません。twitterだからこそ自分の発言には責任を持つことが必要だと思います。
Следете на Твитер
Неколку автори и уредници на Global Voices живеат во Јапонија и некои од нив редовно пишуваат написи на Твитер за ситуацијата после земјотресот. Можете да ги следите на оваа Твитер листа.
Овој напис е дел од нашето специјално покривање на земјотресот во Јапонија 2011.