Овој напис е дел од нашето специјално покривање на револуцијата во Египет 2011.
На 31-ви март, новинарот и блогерот Сара Кар го испрати твитот прикажан подолу во кој прашува за статусот на Мајкл Набил на кој што му се суди пред воениот суд. Блогерот Набил беше уапсен во неговиот дом на 28-ми март и е обвинет за „навреда на армијата“ како и за објавување на „невистинити вести во врска со армијата“.
Во меѓувреме, сите корисници на Твитер ги обвинија локалните медиуми за тоа што го игнорираат случајот на Набил и започнаа да бараат од египетскиот ОН-ТВ домаќин (Јосри Фоунда) да го разјасни малку случајот. Тогаш Фоунда одлучи малку повеќе да го образложи неговиот став.
Кар тогаш одлучи да дебатира со Фоуда во врска со неговата улога како домаќин на телевизија.
@Sarahcarr: @Јосри Фоуда, исто така би било добро да ги дознаете обвиненијата против некои луѓе.
Други корисници на Твитер се приклучија на дебатата.
Додека повеќето не можеа да се согласат со Фоуда:
Фоуда тогаш продолжи повеќе да го објаснува неговиот став и улогата на медиумите според неговата гледна точка.
@YosriFouda: Некои мислеа дека Ал Џезеира може да го ослободи Ерусалим, сега некои мислат дека ОН-ТВ може да започне револуција. ОН-ТВ не може да им помогне на луѓето ако тие не си помагаат.
Конечно, Јосри Фоуда не беше единствениот од ТВ новинарите кои присуствуваа на Твитер, туку и Андре Фарес објаснува зошто таков удар од корисниците на Твитер беа насочени посебно кон Фоуда . Фларес исто така разјасни дека тие го критикуваат него поради тоа што го почитуваат.
Овој напис е дел од нашето специјално покривање на револуцијата во Египет 2011.