- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Хуан Карлос Варела, новиот избран претседател на Панама

Категории: Латинска Америка, Панама, Граѓански медиуми, Избори, Политика

Хуан Карлос Варела [1], кандидатот од партијата Пањемиста, победи на претседателските избори во Панама, оддржани во недела, 4ти мај 2014 година. Варела освои 39% од гласовите после избројани повеќе од 60% од избирачките места,  со тоа тој доби 32% повеќе од Хосе Доминго Ариас, од Камбио Демократико, и повеќе од 27% од Хуан Карлос Наваро, кандидат од Демократската револуционерна партија (PRD, според нејзиното шпанско име).

Вака Варела ја објави својата победа на Твитер: 

Денес, победи демократијата, денес Панама победи затоа што на светот му дадовме знак на граѓанство. 

Други корисници ги повторија неговите зборови: 

Му се заблагодарувам на Господ, оние кои гласаа за моите предлози и оние кои гласаа за другите предлози, победникот тука е панамскиот народ.