Хуан Карлос Варела, кандидатот од партијата Пањемиста, победи на претседателските избори во Панама, оддржани во недела, 4ти мај 2014 година. Варела освои 39% од гласовите после избројани повеќе од 60% од избирачките места, со тоа тој доби 32% повеќе од Хосе Доминго Ариас, од Камбио Демократико, и повеќе од 27% од Хуан Карлос Наваро, кандидат од Демократската револуционерна партија (PRD, според нејзиното шпанско име).
Вака Варела ја објави својата победа на Твитер:
Hoy ganó la democracia, hoy ganó Panamá porque le dimos una muestra de civismo al mundo #Panamá
— Juan Carlos Varela (@JC_Varela) Mayo 5, 2014
Денес, победи демократијата, денес Панама победи затоа што на светот му дадовме знак на граѓанство.
Други корисници ги повторија неговите зборови:
“Agradezco a Dios, a los que votaron por mis propuestas y los que votaron por otras propuestas, aquí ganó el pueblo panameño” @JC_Varela
— Debate Abierto (@Debate_Abierto) Mayo 5, 2014
Му се заблагодарувам на Господ, оние кои гласаа за моите предлози и оние кои гласаа за другите предлози, победникот тука е панамскиот народ.