Хаити: Децата како утеха за гладот


Интернационалниот недостаток на храна и кризите се појавија како тема и во блогосферата, а видеата на оваа тема не се исклучок. Од Хаити: луѓе како јадат кал за да преживеат и план за помош за да се прехранат гладните хаитски деца. Хаити е најсиромашната држава во американскиот континент, а гладта е важна тема за нив уште пред оваа криза да се појави во насловите.

На ЈуТјуб, тодгсап ни прикажува видео од процесот на едно семејство на правење торти од кал, кои не ги прават само за да ги јадат, туку и за да ги продаваат. Овие земјени колачи или калливи торти се направени од кал, сол и понекогаш се нивните единствени начини за преживување.

Храна за размислување, нели?

Меѓутоа, изгледа дека повеќето се свесни за овој проблем, но постојат неколку скапоцени работи со кои можеме да помогнеме. ловинитвитхим постави видео на Кризата со храна во Хаити за Децата против гладта, кој може да го погледнете тука.

Со следново Моментално ТВ видео од робхил_продакшн за Лекови и храна за децата (ЛХМ) од Хаити ни се овозможува поглед во барањето и тестирањето од НВО на можни решенија за неисхранетоста кај децата, базирано на високо енергетски путер од кикирики, кој е спремен за користење и делење по децата. Засилениот путер од кикирики е предвидено да содржи кикирики, млеко во прав, шеќер, масло, витамини и минерали, а се произведува локално, користејќи хаитски кикирики добиени од локални фармери и сите други додатоци се купени локално за да се помогне на економијата. Според ЛХМ, потребни се 68 долари за да се создаде целосна доза од терапевтската храна или Медикал Мамба, како што е позната локално, за да им се даде на децата за да се вратат во живот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.