- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тајван: Што може бејзболот да направи?

Категории: Популарен напис, Источна Азија, Тајван, Здравје, Младина, Образование, Религија, Спорт, Хуманитарен одговор

Има неколку Тајванци кои играат во прва лига во бејзболот: Чин-Фенг Чен [1] во Доџерс од 2002-2005, Чин-Лунг Ху [2] во Доџерс, Хонг-Чих Куо [3] во Доџерс, Чин-Хуи Тсао [4] во Ројалс и Чин-Минг Ванг [5] во Јенкис. Иако тие се обожавани од Тајванците, овие ѕвезди на бејзболот не се фокусот на овој напис. Тука се наведени приказни за тоа како бејзболот го промени животот на луѓе со хендикеп и учениците во основните училишта.

Фотографија од Хаомеј [6]

Првата приказна започнува кога сценаристот, актер и режисер, Ниен-Џен Ву [7] остави порака на блогот на Хаомеј [8] за домот Секрет Харт за луѓе со хендикеп. Франц Буркхарт [9] го основал домот Секрет Харт во Чиа-Ји, Тајван, во 1980 и планирал да изгради поголема зграда со цел да им се помогне на повеќе луѓе со хендикеп. Иако свештеникот Франц Буркхарт, добитник на почести од претседателот и папата за неговата служба во Тајван повеќе од половина век, почина во 2002 неговите колеги продолжија да работат на неговиот проект. Поради немање на средства, Хаомеј започна со блогирање [10] за домот Секрет Харт за да помогне во собирање пари и да ги покани луѓето да го посетат домот.

Дел од овие настани за собирања на средства се со тема бејзбол.

Ченсуми [11] зборува за тоа како Таи-Јун Куо [12] потпишувал топки за бејзбол за аукција за собирање средства:

Му споменав за едно собирање на средства за домот Секрет Харт на Таи-Јун Куо. Тој ме слушаше внимателно и без двоумење се согласи да потпише неколку топки за бејзбол. […] Го прашав, „ќе може ли да потпишеш повеќе?“ Тој одговори, „секако. За добри нешта никогаш нема не!“

Оваа аукција собра 182 100 NTD за домот Секрет Харт и овој успех инспирираше неколку љубители на бејзболот да ги подарат своите сувенири од бејзболот за втората аукција. Втората аукција собра 281 861 NTD за домот. Резултатот беше задоволувачки и за домот Секрет Харт и за бејзбол играчите и фановите [13].

Во минатото, кога зборувавме како бејзболот е поврзан со парите, мислевме на коцкање. Меѓутоа, овој пат кога овие играчи на бејзбол работат со пари, успеавме да постигнеме нешто толку трогателно.

Втората приказна е за помагање на некои од бејзбол тимовите во основните училишта. Чензуми [14] објавува:

Проектот на групата Чиен-Куо собра 72 000 NTD. […] Ќе го прашаме тренерот Вен-Ченг Лан за помош при избор на бејзбол тимови на кои најмногу им е потребно нашето внимание. По оваа бејзбол игра, ќе ја испратиме опремата како пријатен подарок за младите играчи од основните училишта, кои имаат сон да станат бејзбол играчи. Исто така им се заблагодаруваме на нашите пријатели Јен-Хси Лин и Јунг-Чин Јанг, кои ни помогнаа да ја добиеме најдобрата проценка за оваа опрема. Со средствата што ги собравме ќе може да им помогнеме на повеќе од три бејзбол тимови во основните училишта.

Планот на групата Чиен-Куо е основан од љубовта [15] кон децата и бејзболот:

Можеме да им помогнеме на овие деца, кои во иднина може ќе стојат на теренот на МЛБ и ќе играат во националните и професионални тимови, да имаат нови митови и да не се грижат дека ќе ја изгубат можноста да тренираат бејзбол. Во исто време, тие знаат дека не се сами. Ние веруваме дека ако тие добијат помош на почетокот од нивната кариера, ќе бидат благодарни за потенцијалот што го имаат кога ќе играат бејзбол.

Редјелоу [15] опишува што виделе кога ја испраќале опремата во едно од основните училишта:

Денес дојдов дома со задоволувачко чувство. Случајно станав еден од првите што ја испратија својата љубов до Хси-Чих основното училиште. Кога ги видов тие прекрасни, полни со живот, млади играчи, моето срце се исчисти. По се изгледа им помогнав. Меѓутоа, тие ми помогнаа да се почувствувам трогателно по подолго време. […] Да ги поздравиме овие храбри деца кога тежнеат кон своите соништа! Правејќи го тоа, ние навивамеи за нас! Конечно се чувствувам како обожавател на бејзболот, но не сум обожавател денес.