Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за протестите во Египет во 2011 година.
Демонстрациите против Мубарак продолжуваат веќе 10-ти ден низ Египет, со грозоморни извештаи за смрт и повреди кои доаѓаат од плоштадот Тахрир во Каиро, каде платени насилници на владата се судираа со демонстрантите цела ноќ.
Плоштадот Тахрир, епицентарот на мирните протести од задвчера, на кои што присуствуваа околу три милиони демонстранти, сега се опишува како бојно поле. Беше поставен привремен медицински центар со доктори и сестри кои волонтираат да ги третираа повредените, бидејќи демонстрантите се обврзаа да останат на нивните позиции се додека Мурабак не си оди.
@TravellerW е на плоштадот Тахрир и објавува:
Одам низ Тахрир, бојното поле. Бројот на повреди расте. Моралот импресивно висок. Навистина е „Отпорот“! #Египет#jaн25
Еве повеќе реакции од утрово. Ќе бидат преведени сите од арапски за неколку минути. Ве молам вратете се.
@adamakary: Пукањето продолжува во Тахрир, автомобилите се враќаат од мостот „6-ти октомври“, не можам да поверувам како ова место се претвори во воена зона
@manal: По бруталните битки од минатата ноќ каде што паднаа многу мртви, го дочекавме новиот ден со оваа песна: луѓето сакаат да го осудат убиецот #jaн25
@AnasAlaoui: Срцекршачко интервју- Мона Сеиф, египетски активист од внатрешноста на Плоштадот Тахрир http://www.youtube.com/watch?v=LSBJwsjakcg
@alaa: јадење и одмор далеку од Плоштадот Тахрир, напаѓачот уште стрела во револуционерите, 5 истрели до сега. #Jaн25
@Dima_Khatib: Докторот од Плоштадот Тахрир беше во живо на Ал Џезира, неможеше да си помогне. Постојано липаше! #jaн25 #Египет
@AzizaSami: Мубарак не плати ниту една војна, за разлика од Насер или Садат, бидејќи тој е човек без политичка визија и нема непријатели – освен неговиот сопствен народ#Eгипет
@deena_adel: #На Египет и е потребна донација на крв. Ако можете, ве молам навратете во Ресала локациите во Маади, Мохандесин & Хелиополис (10 – 15 часот) или јавете се на 0147872160
@ya7you7: @JustAmira Некои луѓе припремаат храна во 3 часот по полноќ за 4000 фамилии на кои им снемува храна. Јавете се на Мостафа 103778585, Марва 0100057579… Конт.
@ya7you7: @JustAmira Контактирајте за 3 часот,,, Аја 0107030903, Дина 0123337815. Ве молам споделете #Египет #jaн25
@khazelton: Си Ен Ен, Бен Ведман [насилството против демонстрантите] „е поддржано од државата“ #jaн25 #Eгипет
@habibh: Вау! Моќно исповедање “Полицијата ми понуди пари за да им се придружам на протестите на Мубарак” http://t.co/H88C1Br via @aliveinegypt RT @speak2tweet
@weddady: RT @bencnn: Слушнав во Каиро „#Eгипетската војска може да го замени претседателот, но никогаш нема да го замени режимот, никогаш нема да ги прифати граѓанските правила“ #Jaн25
@Firas_Atraqchi: 10-ти ден и не сум помалку потресен од тоа што се одвива во #Египет #Каиро #jaн25
@H_Eid: Денес гледаме повеќе од тристотини луѓе со повреди на главите и скршени раце, оние насилници се таму да убиваат
@TrellaLB: ПОМОГНЕТЕ НИ, ДАЈТЕ НИ МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО #Eгипет – ве молам проверете www.stop404.org
@kimo79: Ова е револуција за сите арапи, исто толку колку што е и за египетскиот народ. Утре треба да излеземе на улиците каде и да сме. #jaн25
Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за протестите во Египет во 2011 година.