Египет: Деца, риби и мачки бараат Мурабак да си оди

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на протестите во Египет во 2011 година

Деца, риби, па дури и мачки се придружија на милионите Египќани во нивниот повик за ставање крај на режимот на Мубарак.

На ова видео од Јутјуб, младо момче од Египет преку песна повикува на соборување на претседателот Хосни Мурабак кој управуваше со Египет 30 години:

http://www.youtube.com/watch?v=dsnPi9Km65A

Исто така се гледа на ова видео како деца на плоштадот Тахрир повикуваат на уривање на Мубарак и неговиот режим:

http://www.youtube.com/watch?v=XjdDf-eT_KQ

На Твитер, Далиа Зиада сподели видео во кое што се прикажува како децата во САД се нестрпливи да се приклучат на протестите на плоштадот Тахрир и забележува:

حسني مبارك خلى أطفال أمريكا تتكلم عربي وتطالب بإسقاطه http://t.co/SUppl10 #Egypt #Jan25 #Mubarak #Kids #US
Хосни Мубарак направи децата во САД да зборуваат на арапски и да повикуваат на негово повлекување.

Од Јапонија, пет годишната Нина го опиша ваквиот развој на случувањата во Египет, откако ги виде сликите од демонстрантите во весниците:

http://www.youtube.com/watch?v=XyYMVbk2zHg

На Твитер, Сара Кар ја споделува следната фотографија и вели:

И уште еден: السمك يريد اسقاط النظام http://on.fb.me/eGCQs1 Рибите сакаат да го симнат режимот #Јан25

Нуркачите поставија знак под водата кој вели: Рибата сака да се симне режимот.

И во Бахреин, моите мачки исто така одржуваат свои демонстрациите апелирајќи до Мубарак да се повлече и да ги исполни желбите на милиони Египќани:

My cat Tiny appeals to Mubarak to step down

Мојата мачка Тини апелира до Мубарак да се повлече.

Фотографија од: Ahmed Abdelhamid

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на протестите во Египет во 2011 година

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.