- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сиријa: Леб и пропаганда

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Сирија, Владеење, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Протест, Човекови права

Овој напис е дел од специјалната обработка за протестите во Сирија во 2011 година [1].

Како протестите во Сирија продолжуваат веќе трета недела, така владата на Асад ја губи надежта дека протестите ќе стивнат.  Денес, владата го затвори новото казино во државата и ги врати бурките [муслимански женски превез за главата] во училиштата, во обид да се дојде до конзервативните муслимани.

Истовремено, владата воспоставува власт преку пропаганда, чии што некои делови си го наоѓаат својот пат до најневеројатните места. Ова попладне, репортер на CNN, Хала Горани, (@HalaGorani [2]) објави фотографија на Твитер од векни сириски леб кои вклучувале специјална порака до народот на Сирија:

@HalaGorani [3]: Делеа брошури на купувачите на леб во Дамаск [4]: “Сирија е нашата секта (…) Сите сме Башар…“ http://yfrog.com/gzpk8glj [5]

Syrian bread promoting love of President Bashar al-Assad. Image uploaded to Twitter by Hala Gorani. [6]

Сириски леб промовира љубов од претседателот Башар ал Асад. Сликата е прикачена на Твитер од Хала Горани.

Според Асија Бундау (@assuss [7]), на брошурите исто така пишуваше „нацијата е поголема отколку хаосот“. Во меѓувреме Маиса Акбик забележа дека дури и Египќаните не креираа нешто како ова“.

Корисникот на Твитер @sapiensprod [8] зема помалку пристрасен пристап:

@sapiensprod [9]: Во Сирија игрите во фудбалската лига се откажани и пропагандата за лебот. Дај им леб, не игри… во меѓувреме многу луѓе беа притворени…#Bashar [10]

Овој напис е дел од специјалната обработка за протестите во Сирија во 2011 година [1].