- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Индија: Зголемување на правата на жените и видео-блогирање

Категории: Јужна Азија, Индија, Граѓански медиуми, Жени и род, Образование, Технологија, Уметност и култура, Филм

WAVEЖените гласно видео-блогираат за добивање повеќе права [1] (WAVE) е платформа и програма чија цел е жените од полу-руралните подрачја во Индија, да ги искажат своите мислења на теми кои ги засегаат користејќи ги видео алатките на интернет.

Главното мото на WAVE [2] гласи: „30 жени, 30 региони, видео-блогираат секој ден“ и навистина постојат различни видеа на веб-сајтот кои покриваат голем дел на теми за тоа како изгледа секој регион во Индија [3]. Жените кои учествуваат, беа избрани од универзитети и невладини организации да бидат дел од 9 месечна школска програма каде што ќе им биде овозможено обука, опрема и  средства за возврат на нивните видеа.

Филозофијата на WAVE е дека младите жени од Индија треба да бидат ислушани и охрабрени да ги анализираат проблемите во заедницата и да станат лидери кои ќе обезбедуваат правилни решенија со цел општеството да стане социјално и економски појако.

Дваесет и четири годишната Чињу Пракаш [4] од Тривандрум, Керала работи за SPACE, НВО која развива и доставува програми за новите медиуми и информациско-комуникациските технологии. Во едно од нејзините видеа ни го прикажува Калавара, кантина која ја води жена и слушаме за искуствата на тие жени кои сега се способни да заработат за живот.

Прити Џаин [5] има 27 години, од Биласпур, Чатисгарх. Преку нејзините видеа таа сака да го наведе локалното општеството на Чатисгарх да ја подигне свеста за нивните проблеми. Во наредното видео, таа се фокусира на нивните чудни обичаи за договорени бракови: тргнувајќи од нормите во Индија, младите луѓе од племето Баига ги среќаваат и ги избираат нивните сопруги низ друштвени пригоди како што се танцовите и потоа ги известуваат родителите.

Салам Бабина Деви [6] е од Импхал, Манипур и редовно волонтира во организација за обичните луѓе која работи на развојот на жените и децата. Нејзините видеа ги прикажуваат културните аспекти на Манипур, како овој следен пример на танц [7]:

Во Манипур секој значаен социјален и религиозен настан е прославен со своите специјални форми на танц. Овде на кратко се претставени племенски фолклорни и класични танци од ридовите и долините на античката земја.

Посетете го WAVE [3] за повеќе приказни и видеа од жените од различни места од државата.