Видео: Перспектива, хумор и скептицизам за „свинскиот грип“

Видата ги отсликуваат состојбите на луѓето во одреден момент. Луѓето реагираат на различен начин во време на криза и за сите оние кој ги читаат, гледаат и апсорбираат информациите за „свинскиот грип“ (правилно познат како вирус од типот А – H1N1), може да биде комплицирано да ги одделат вистинските информации од шпекулациите, но исто така и да се справат со новите рестрикции и препораки. Некои го споделуваат своето мислење преку видео и тоа ќе ви се прикаже денес: провоцирачки, скептични, музички, креативни и хумористични видеа.

Прво ги имаме the Atomicos, инди-рок бенд од Пуебла, кој напиша песна и постави видео со англиски титлови за свинскиот грип и различните превентивни мерки. Видеото е преведено и на француски за видеоблогот Le Buzz Dorothée. Видеото на бендот, како и други видеа неповрзани со свинскиот грип може да се најдат на нивната MySpace страница.

Големите бендови исто така заработуваат од свинскиот грип: The Agrupación Cariño ја снимија Influenza Cumbia која е преведена на англиски за повеќе луѓе да може да уживаат слушајќи ја. Следува англиската верзија, и веднаш после неа може да ја видите шпанската.


Групата Bandaloz од Дуранго во Мексико исто така создадоа доста певлива песна за грипот, во која тие пеат за сите потребни безбедносни мерки за заштита од вирусот:

Во Мексико, луѓето исто така креираа видеа за животот во градовите, за тоа како се прифаќа ситуацијата. shizo79 го објави ова видео снимено на улиците на Мексико Сити, каде од неколкуте луѓе кои се надвор на улиците некои носат маски, некои не, а некои ги носат маските околу нивните вратови:

Оваа слатка Мексиканка со име Џимена напиша песна за секојдневниот живот на студентите како неа и ритамот и тажните стихови покажуваат како влијаат превентивните мерки врз граѓаните. Дел од стиховите од нејзината песна Немаме веќе маски за лицето (која таа ја преведе на англиски на нејзината YouTube страница) се:

рефрен
Проклет грип
Не можам да излезам од мојот дом
Вестите ми викаат да се одмарам
наааананана
не почнувај да збориш глупости
зошто сѐ уште не е крај на светот

Немаме веќе маски за лицето
Ливче на вратата: „Нема веќе вакцини до ноември“
Луѓето побудалуваат
Се создава паника а ние немаме доволно храна

Барови, концерти и фестивали
Емисии и ресторани
Филмови, кафулиња и „слатки 16 (sweet 16s)“
Се е откажано за да се заштитиме

А што е со остатокот од светот? Од Австралија, каде свинскиот грип е веќе потврден, Натали – Community Channel објави видео на кое коментира за параноичната реакција на луѓето кога некој ќе направи грешка да кивне или кашла:

И за крај: во прашање беше само време кога некој ќе создаде игра за свинскиот грип. Во SwineFighter, вие целите со шприц кон летачки свињи, вакцинирајќи ги и со тоа го спречувате ширењето на вирусот пред да истече времето. Може да ја играте тука.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.