- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тунис: Српски туристи одбиваат да се вратат дома

Категории: Источна и Централна Европа, Среден Исток и Западна Африка, Србија, Тунис, Владеење, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Политика, Протест, Туризам, Хуманитарен одговор

Минатата недела, единаесет српски туристи, кои ги поминувале своите годишни одмори во одмаралиштата во градовите Сусе и Хамамет во Тунис, категорички одбивале да ја напуштат оваа северноафричка држава пред четврток, 20-ти јануари, кој требаше да  биде последен ден од нивната турнеја. Поради вонредната ситуација, им било понудено да се вратат во Белград со последниот лет на Jat Airways минатата недела, но откако тие одбиле, претставници од српската амбасада им кажале дека ќе останат на сопствен ризик, амбасадата нема да може да гарантира за некој друг лет, за да го напуштат Тунис на денот кој е планиран за заминување.

[1]

Мархаба палата, Сусе, Тунис. (Слика: Саша Милошевиќ).

Иако летувалиштата се наоѓаат на некоја оддалеченост од жарните политичките немери во Тунис, беше препорачана евакуација, затоа што хотелите се затвораа од безбедносни причини, полека снемуваше храна и вода.

Милица Кубрило Филиповиќ, српскиот амбасадор во Тунис, се најде во една навистина опасна ситуација, и таа рече: „отсвируваа куршуми од сите стран“ во текот на евакуацијата на нејзините деца. Таа ги предупреди српските туристи од потенцијален ризик на кој би биле изложени како странци во Тунис.

Српската амбасада им помогна на 11 Македонци да се евакуираат, бидејќи Македонија нема амбасада во Тунис. Една Русинка со две мали деца некако се случи да биде помеѓу евакуираните.

Српски туристи изјавија за српските медиуми дека се задоволни од тоа како жителите на Тунис ги заштитиле. Според нив, специјални силе били на покривот од нивниот хотел, додека надвор се шетале полицајци во цивилна облека. Единственот проблем со кој се соочиле бил во текот на нивното пренесување до аеродромот Монастир кога група на демонстратори фрлале камења кон нивниот автобус. Сепак никој не бил повреден.

Оние српски туристи кои се согласија да се вратат во Србија беа вознемирени, бидејќи нивниот зимски одмор бил предвреме прекинат. На пример пензионираниот српски пар Дара и Михајло Станчевиќ изјавија во српски весник дека тие ги поминувале зимите во Бен Али во Тунис во изминатите седум години и дека им се допаѓало таму не само поради одличната клима туку и затоа што трошоците за живот таму биле пониски отколку дома во Србија.

Посетителите на форумот „Крстарица“ реагираа критички кон однесувањето на навните сонародници во Тунис.

Ваздусаста напиша:

Колку станавме себични….колку бесчувствителни станавме…Еден човекот вели дека не сака да се врати, но ОК, тој ќе биде целосно обештетен… една жена вели дека и било одлично во хотелот, но таа мораше да се врати… колку луѓето немаат грижа на совест… ако тие не се загрижени за нивната безбедност, зошто тогаш не помислат што би можеле да предизвикат жителите на Тунис. Ако некој ги убие или повреди, Тунис ќе биде на насловните страници на сите светски медиуми.

Опис на туристичкиот менатлитет, таа исто така објасни:

Во овој период од годината не можете да се сончате во Тунис. Тие не сакаат да се вратат дома бидејќи седаат во хотели со пет ѕвездички и тие неможат да си го дозволат тоа во екот на сезоната, затоа одат таму кога не е сезона. Ова е најужасната работа во целата приказна. Некои луѓе толку многу посакуваат соба во луксузен хотел дури и би го ризикувале сопствениот животот за тоа.

Донкихот напиша:

Тие мислат дека нивните хотели се безбедни, но утре може да се најдат во рацете на некои диви, вооружени сили.

Југ Богдан се чуди:

Анархија во Тунис, тие сакаат да се сончаат.

Гост на  Bundolo.org [2] напиша саркастично:

Кутри туристи. Толпа од гладни и „валкани“ тунисци го уништуваат нивното уживање. Дури и хотелите беа оставени без храна за гладните туристи и водата во базените непроменета.