- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јапонија: Добронамерни желби и молитви испратени преку видео

Категории: Источна Азија, Латинска Америка, Северна Америка, Аргентина, Јапонија, САД, Граѓански медиуми, Катастрофи, Музика, Најважни вести

Оваа објава е дел од нашата посебна репортажа за земјотресот во Јапонија во 2011. [1]


The Great Wave off Kanagawa by Katsushika Hokusai [2]

Големиот бран близу Канагава од страна на Катцушика Хокусај

Како одговор на ситуацијата во Јапонија по земјотресот, цунамито и нуклеарната криза, луѓето се насочија кон видеа и музика за да ги искажат своите најдобри желби и поддршка за луѓето во Јапонија.

На својот блог [1], Чај собра неколку видеа од музичари кои веруваат дека тоа е најмалку што можат да го направат, верувајќи ѝ на моќта на музиката  која ќе помогне да се излечат раните на срцето. Првото видео е на микромикрофон [1]:

Одделот Августа [3] исто така ја додаде нивната песна и коментарите за видеозаписот станаа вид форум за луѓе кои би ги споредувале коментарите за состојбата на различни области во Јапонија.

Следното видео [1]е кратка и мелодична песна од страна на Такаги Масакацу:

Благословен на Западниот исток [4] во Сиетл, САД напиша хип-хоп песна за катастрофата, бодрејќи ги луѓето да се обврзат и да дадат сè од себе за да помогнат. Од песната:

Објавувајте на мојот статус, безгрижен сум
оддалечен неколку илјадници милји, се чувствувам бестрашен
и гледам дека тоа не сум јас и се чувствувам добро
но, недостасува труд со лоша позадина
наместо да одиме наназад, треба да дејствуваме побрзо
и како се држиме понастрана, продолжуваме да се молиме
и започнуваме да преземаме иницијатива, наместо само да зборуваме..

И од Аргентина, 15-годишниот Фелипе Тронкосо [1] ја посвети песната „Rainy Day“ за луѓето во Јапонија: