Јапонија: Добронамерни желби и молитви испратени преку видео

Оваа објава е дел од нашата посебна репортажа за земјотресот во Јапонија во 2011.


The Great Wave off Kanagawa by Katsushika Hokusai

Големиот бран близу Канагава од страна на Катцушика Хокусај

Како одговор на ситуацијата во Јапонија по земјотресот, цунамито и нуклеарната криза, луѓето се насочија кон видеа и музика за да ги искажат своите најдобри желби и поддршка за луѓето во Јапонија.

На својот блог, Чај собра неколку видеа од музичари кои веруваат дека тоа е најмалку што можат да го направат, верувајќи ѝ на моќта на музиката  која ќе помогне да се излечат раните на срцето. Првото видео е на микромикрофон:

Одделот Августа исто така ја додаде нивната песна и коментарите за видеозаписот станаа вид форум за луѓе кои би ги споредувале коментарите за состојбата на различни области во Јапонија.

Следното видео е кратка и мелодична песна од страна на Такаги Масакацу:

Благословен на Западниот исток во Сиетл, САД напиша хип-хоп песна за катастрофата, бодрејќи ги луѓето да се обврзат и да дадат сè од себе за да помогнат. Од песната:

Објавувајте на мојот статус, безгрижен сум
оддалечен неколку илјадници милји, се чувствувам бестрашен
и гледам дека тоа не сум јас и се чувствувам добро
но, недостасува труд со лоша позадина
наместо да одиме наназад, треба да дејствуваме побрзо
и како се држиме понастрана, продолжуваме да се молиме
и започнуваме да преземаме иницијатива, наместо само да зборуваме..

И од Аргентина, 15-годишниот Фелипе Тронкосо ја посвети песната „Rainy Day“ за луѓето во Јапонија:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.