Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Индонезија: Министерство нареди отстранување на статуа на Буда

Посветеноста на Индонезија во промоцијата на религијата одново беше доведена во прашање, откако министерството надлежно за религија нареди големата статуа на Буда од будистичкиот манастир „Tri Ratna“ во Тањугбалаи, Северна Суматра да биде симната бидејќи некои „тврдокорци“ во областа се жалеле за нејзиното присуство.

Пред неколку месеци, лидери и членови од други цркви биле нападнати од муслимански „фанатици“, што доведе до тоа многу луѓе да видат дека религиските малцинства во Индонезија се вознемирувани. Индонезија е земја со најмногу муслиманско население во светот.

Контраверзната статуа на Буда што мора да биде симната во Тањунгбалаи. Извор: Веб страна од форумот за дискусија за будизмот

Проблемот во Северна Сумара започна откако многу луѓе себе си се нарекуваа GIB / Gerakan Islam Bersatu (Здружено исламско движење) кои сметаа дека статуата на Буда во Tri Ratna е закана за исламската вера во градот. Тие, исто така, сметаа дека статуата може да го одвлече вниманието од историскиот симбол на градот „Balai di Ujung Tanduk“.Писмото на ЗИД во кое се бара отстранување на статуата беше објавено на веб страна од форумот за дискусија за будизмот.

Беше создадена дискусија за да даде поддршка на жалбата на будистичките монаси во локалната самоуправа.

Mohon berikan tekanan kpd Walikota Tanjung Balai SUMUT agar mencabut Surat Keputusan ttg Penurunan Patung Budha di Vihara Tri Ratna Tanjung Balai, Sumut.

Ве молиме да вршите притисок врз градоначалникот на Тањунг Балаи, Северна Суматра, да го повлече дектретот за симнување на статуата на Буда од манастирот Tri Ratna.

Манастирот и многу други наклонети страни направија напор за да го спречат отстранувањето на статуата, но на крај министерството одлучи да ја одбие жалбата на монасите.

Блогерот EKSPRESI HATI ја објави хронологијата на напорите на одбраната, превземени од страна на Veryanto Sitohang (Верианто Ситоханг), Direktur Eksekutif Aliansi Sumut Bersatu (извршен директор на алијансата за обединета Северна Суматера). Прво, тие се жалеа на градоначалникот,потоа тие се обратија до локалната власт, потоа во министерството надлежно за религија,за на крај да пробаат да влијаат во Домот на претставниците. Но групата не доби задоволувачки одговор. Затоа многумина беа изненадени кога слушнаа дека министерството решило дека статуата сепак треба да се отстрани.

Следат неколку онлајн реакции: ИНДОНЕЗИСКОТО ДВИЖЕЊЕ ЗА БОРБА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈА ја даде следната изјава:

“Negara tidak berhak untuk mengatur apalagi menurunkan perlengkapan apapun yang ada di tempat ibadah. Penurunan patung Buddha di Vihara sudah dapat dikategorikan kekerasan agama yang dilakukan oleh negara. Ini akan menjadi catatan pelanggaran konstitusi dan hak asasi manusia”, demikian ditegaskan oleh Wahyu Effendy, Ketua Umum Gerakan Perjuangan Anti Diskriminasi (GANDI) dalam pernyataan persnya.

“Државата нема право да ги регулира, или згора на се да ги брише постоечките фигури од обожуваните места. Отстранувањето на статуата на Буда може да се окарактеризира како форма на религиско насилство, направено од страна на државата. Ова е прекршок против Уставот и човечките права”, потврди Вахиу Ефенди, генерален претседател на движењето за борба против дискриминација.

Блогерот JOEBIGJOE напиша:

Walaupun agama Buddha dianggap sebagai agama minoritas, tetapi apakah agama yang mayoritas harus menindas yang minoritas? Apakah hanya sebuah patung Buddha saja harus mendapatkan restu dari yang beragama mayoritas? Dan dimana rasa saling menghormati antar beragama di Negara ini?

Иако будизмот се смета за малцинска религија, треба ли поголемите религии да ги тиштат малцинствата? Треба ли будистичките монаси да бараат одобрение од поголемите религии? Каде е взаемната почит меѓу религиите во оваа земја?

Colson, блогер од Pelopor напиша:

Добро, ова е Ацех 2011, а не Авганистан 2001, ова е Шариах, во стилот на ” Веранда од Мека”, а не во стилот на талибанците, статуата е само уште еден Буда, а не дел од светското културно наследство, стар 1700 години и висината е околу 6 метри, а не 53. Но и во двата случаи присутни се религиската нетолеранција, дури и агресија, лицемерно, тесноградо и културно варварство, поддржани од политиката.

Блогерот LAPAK INFO забележи дека религискиот плурализам во Индонезија е мртов:

INI ADALAH PERUSAKAN TERHADAP KEBEBASAN BERAGAMA, PLURALISME DAN RUNTUHNYA BHINEKA TUNGGAL IKA

Ова е уништување на верската слобода,плурализмот и колапсот на Единството на Различности

‘Единство на Различности’ е националното мото на Индонезија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.