- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Taџикситан: Eлектрична енергија во замена за платите

Категории: Популарен напис, Централна Азија и Кавказ, Таџикистан, Економија и бизнис, Животна средина, Политика

Градоначалникот на Душанбе и Претседателот на Горниот дом на таџикистанскиот парламент на Таџик, Мамадсаид Убаидулоев предложија необичен начин за собирање на средства за конструкција на Рогун хидроцентрала – еден од најголемите енергетски проекти во Таџикистан. Тој ги пресмета сите плати на жителите на Душанбе и извлече заклучок дека доколку сите вработени луѓе во градот се откажат од половина од своите неделни плати во месец мај и јуни, ќе се соберат 10 милиони УСД. За обезбедување на електрична енергија наводно ќе бидат потребни уште 1 билион УСД, но всушност никој не ја знае точната сума на пари кои се неопходни за завршување на конструкцијата.

Апелот на градоначалникот беше одговор на неодамнешниот годишен говор на претседателот Рамон во парламентот. Тој ја нагласи важноста на Рогун хидроцентралата како средство за независност на државата во снабдувањето со електрична енергија. Kуршед го цитира [rus] [1] претседателот:

“Овде јас ја користам можноста да се обратам до секој граѓанин на земјата кој ја сака својата родна земја — и особено до професионалните градежни работници и инженери — да земат активно учество во изградбата и да допринесат во независниот електричен систем на земјата”.

Луѓето се надеваат дека ова нема да се претвори во “волонтерска-принудна” кампања. Сепак, без изненадување, сите членови на парламентот и оние кои работат во канцеларијата на градоначалникот веќе се откажаа [2] од своите плати во прилог на Рогун.

Ова покренува едно фер прашање: Како овие луѓе ќе живеат и ќе ги прехранат своите семејства следниот месец? Корупција, тоа е најверојатно одговорот. Просечната месечна плата не надминува 50 УСД – па така не е голема работа да се загуби една плата но да се задржи работното место, кое може да ви донесе неколку пати повеќе пари. Можеби, нивото на корупција ќе се зголеми во следните месеци.

Kоршид Бакшајеш размислува [3] дека сите други владини организации ќе го следат овој пример:

Набљудувачите сметаат дека Душанбе направи вакво обраќање имајќи ги во обѕир минатогодишните [енергетски] кризи се сѐ уште свежи  во сеќавањата на луѓето и би можеле да испровоцираат нивно активно учество. И покрај тоа, со 60% oд нацијата која живее под линијата на сиромаштија, оптимизмот на владата би можел да се соочи со недостиг на ентузијазам кај масите.

Kоршид исто така дава еден интересен факт:

Ова не е прво обраќање на владата до нацијата за барање на средства во добротворни цели. Во 1990тите многу граѓани на Таџикистан земаа учество во Сангтуда -1 конструкција на брана, но бетонските фигури не беа никогаш откриени. 75 % oд конструкцијата сега е финансирана од Рускиот монопол РАО-УЕС.

Само да потсетам — конструкцијата на Сангтуда-1 сѐ уште не е завршена. Само една турбина беше пуштена во употреба оваа зима, додека останатите се очекува да бидат пуштени до крајот на оваа година.

Дарвиш е ироничен [4] околу иницијативата на градоначалникот и вели дека би било подобро владата да жртвува пари од нивните банковни сметки отколку да моли за 10 милиони УСД од сиромашните луѓе. Сепак, тој се плаши дека луѓето нема да кажат “не”:

Луѓето од Таџикистан се многу пријателски расположени; тие никогаш не велат “не” ако некој им побара нешто. Таџикистан е рај за оние што бараат милостина. Како да ја затворат вратата овој пат?