Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Рајзинг Војсис бара проектни предлози за развој на медиумите од областа на здравството

Краен рок за поднесување на апликација: 1ви Јуни 2008

Рајзинг Војсис, „испружената рака” на Глобал Војсис, во соработка со Програмата за јавно здравство на Институтот отворено општество – иницијатива „Медиумот во јавното здравство“, сега прифаќа предлози за проекти за третиот круг на микро-грант финансирања до 5,000 УСД за нови медиумски проекти кои се фокусирани особено на проблеми од јавното здравство, кои вклучуваат маргинализирано население.

Идеални апликанти се динамични НВО-и или индивидуалци кои:

  • Ќе ги претставуваат виталните гласови на заедниците кои се засегнати со стигматизирани здравствени проблеми чии стории, гледања и искуства се многу често маргинализирани, нечуени, или погрешно презентирани во главните медиуми. Овие заедници вклучуваат луѓе кои живеат со ХИВ и СИДА и /или туберкулоза, луѓе со ментални заболувања или интелектуални попречувања, корисници на тешки дроги, секс работници, индивидуалци со нетрадиционални полови ориентации, луѓе кои имаат потреба од палијативни услуги, и Роми кои се соочуваат со дискриминација во здравството.
  • Се ентузијасти околу користењето на нови, интерактивни начини на комуникација за да изградат однос и да воспостават дијалог за важни проблеми за застапување на нивната заедница.
  • Ги предвидуваат и високо приоритизираат медиумите и комуникациските стратегии за да ги постигнат целите за застапување на нивната организација.

Услови за учество на конкурсот:

  • Организациите мора да имаат сопствени веб страници или да партиципираат во групна веб страница.

Рајзинг Војсис и Институтот отворено општество имаат за цел да донесат нови гласови од нови заедници и да се зборува на нови јазици на веб страниците за конверзација, со обезбедување на ресурси и финансирање на локални групи досегајќи до непретставените социјални групи. Примери за потенцијални проекти вклучуваат:

  • Работење со туберкулоза или ХИВ клиника или локален центар за корисници на дрога кој нуди обука на здравствени работници со цел да се намалат штетите, помош за луѓе вклучени во решавање на проблемите на сексуалните работнички, пациенти и нивните семејства во создавање блогови и поставување видеа, со цел да се документира нивната работа, нивните искуства, и нивната заедница.
  • Со употреба на блогови, подкаст, и онлајн видеа да се помогне да им се даде глас и да се претстави заедницата на лицата со нетрадиционални сексуални ориентации и да се застапуваат нивните права.
  • Дистрибуирање на мп3 рекордери на локалните НВО кои работат на проблеми од палиативна грижа (привремени мерки за ублажување на болка) и да им се помогне месечно да произведат аудио сведоштва и/или интервјуа кои ќе прикажуваат стории и искуства на учесниците, за да се постават на веб страницата на НВО.
  • Организирање на редовни работилници за блогирање и фотографија во легален центар за помош кој ги заштитува правата на луѓето со ментални пречки. Дел од буџетот би можел да се употреби за купување на дигитални видео камери по достапни цени и трошоци за интернет кафиња, така што учесниците ќе ги опишат своите предизвици и животни искуства на глобалниот аудиториум.
  • Купување на дигитални видео камери по достапни цени и подучување на група работници од локалната Ромска заедница како да направат еден документарен видео блог за нивната работа, кој подоцна ќе биде поставен на веб страницата на организацијата и ќе бидат поставени линкови до другите веб страници на мрежата.

Грантот на Рајзинг Војсисж ќе се движи од 1,000 УСД до 5,000 УСД. Особено ќе се земат во обзир предлозите од Суб-Сахарна Африка и Источна Европа, Централна Азија и Кавказ. Ве молиме да бидете што поосмислени, специфични и реалистични кога ќе правите нацрт на својот буџет.

Успешните проекти ќе бидат објавени на Глобал Војсис.

Комплетни апликации ќе се прифаќаат не подоцна од недела, 1ви јуни на англиски или руски јазик. Ве молиме да ги доставите своите апликации на страницата на Рајзинг Војсис за аплицирање. Предлозите на руски јазик треба да бидат поднесени овде. Сите апликанти ќе добијат потврда по имејл до 3ти Јуни. Грантовите ќе бидат објавени на 28ми Јуни на Самитот за граѓански медиуми на Глобал Војсис во Будимпешта, Унгарија.

***

Програмата за јавно здравство на Институтот отворено општество – иницијатива „Медиумот во јавното здравство“, има за цел да ја зголеми јавната свесност за здравствените проблеми, особено стигматизирани здравствени проблеми кои вклучуваат маргинализирано население. Иницијативата се фокусира на поддршка на НВО-и кои работат во областа на здравството, да ги развијат нивните односи со новинарите на сите медиумски платформи така што тие ќе можат ефективно да ги пренесат здравствените и човековите проблеми на јавноста. Во услови кога медиумската околина е особено непријателски расположена, Институтот Отворено Општество исто така поддржува “новинарство на заедницата“ иницијативи за да ги охрабри НВО-и да користат дигитална технологија да ги пренесат своите стории и проблеми меѓу себе и на светот пошироко. Иницијативата исто така бара да се изгради капацитет на медиумски професионалци кои одговорно ќе даваат извештаи за проблеми од јавното здравство.

Рајзинг Војсис има за цел да помогне да се донесат нови гласови од нови заедници и да се зборува на нови јазици на веб страниците за конверзација, со обезбедување на ресурси и финансирање на локални групи кои достигаат до непретставените досега социјални групи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.