Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Киргистан: Неспокоен април

Во последната недела од Април започна неочекувано опаѓање на температурите. Многу од блогерите објавија фотографии од замрзнатото зеленило и дрвата под снег. Јанаги, на својот блог претстави прекрасните фотографии од лисјата под снег. ред_птеро го нарече [ru] ова опаѓање на температурата „последици од глобалното затоплување.“

Опаѓање во температурите се случи не само во природата, туку и во односите помеѓу Русија и Киргистан. Руски војник беше тешко повреден во инцидент помеѓу руската војска, од руската воздушна база во градот Кант, и киргиската полиција. Многумина го сметаат овој инцидент како закана за односите помеѓу Русија и Киргистан.

светофор_кг вели [ru]:

Офицерите од руската воздушна база знаат да бидат многу бесрамни и нема им пречи да тежнеат за туѓи жени и невести. Тие го сметаа Киргистан за десантна територија, каде тие може да прават што сакаат не обрнувајќи внимание на киргистанските закони.

Џефри Броман се согласува [eng]:

„Од кога киргиската полиција во Бишкек била заинтересирана да ги применува сообраќајните законите? Намирисувам прикривање.“

Зголемувањето на тарифите за транспорт, електрична енергија и затоплување станаа друга „жешка“ тема за дискутирање. ФиналФентази вели [ru]:

Набрзо тие ќе ја уништат душата на обичниот граѓанин. Од платите и пензиите ќе имаат пари само за да купат сапун и јаже за да се обесат.

Изјавата од претседателот на Киргистан Курманбек Бакиев дека „веќе може да го видиме големото намалување на корупцијата на неколку места“, предизвика огорченост во киргиската блогосфера.

гргрег пишува [ru]:

Да, се разбира. Ние не може да видиме такво намалување на корупцијата во ниедна земја. Големината на митото се зголеми два-три пати во последните 3 години во Киргистан. Таквиот процес не е наречен „намалување“ во ниедна друга држава…

Неодамна, неколку политичари предложија изедначување на интернетот со медиумите. Киргиските блогери станаа загрижени.

салва08 мисли [ru]:

Тоа е тотално апсурдно! Тие не знаат ништо за ИТ. Интернетот може да се следи, но не може да биде контролиран. Ова е заклучок од Пентагон во 2005.

Тарантино додава [ru]:

Подеднакво добро Киргистан може да се прогласи себеси за светски лидер. Теоретски, интернетот може да се изедначи со медиумите на законодавно ниво. Но, каде е реализацијата? Како може нашата надлежност да се примени на странските сервери? Имињата на домените во киргистанската зона не е припаѓаат на државата законски. Нашите политичари мора да престанат да размислуваат на комунистички начин. Интернетот не може да биде ограничен.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.