Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Велика Британија: Баркамп – транспарентност за дискусија поврзана со следењето на интернетот од владата

Новиот план на владата на Велика Британија за мониторинг на сите мејлови, телефонски повици и користење на интернетот, како дел од  иницијативата за борба против тероризмот, веќе предизвика многу негативни коментари на форумите и блоговите. Оваа ситуација само ја покажува потребата од Баркамп за транспарентност, кој наскоро ќе се одржи во Оксфорд на 26 јули 2009, каде интернет ентузијастите ќе дискутираат и размислуваат како да ја поддржат приватноста, слободата на говорот и веб 2.0 етиката во Велика Британија и насекаде во светот.

БарКамп“ е средба на која група луѓе организираат јавен настан користејќи го интернетот, соработувајќи за да ја создадат агендата. Идејата за БарКамп за транспарентност се појави во април за време на сесија за сајберактивизам на БарКамп Апачи Оксфорд, на која се демонстрираше големиот интерес на присутните за дискусија било како поврзана со онлајн приватноста.

Велика Британија можеби не е позната по нејзиниот недостаток на приватност или слобода на изразување, но читателите на вести за новиот план за надгледување на владата оставаат многубројни загрижувачки коментари по онлајн форумите.

Напис од ББС од Доминик Каскани е темата на дискусија на сајтот RichardDawkins.net.

Widecora од Велика Британија, објави реакција на написот:

Што ако не се грижам дали ќе ме дигнат во воздух терористи? Дали може да ја добијам назад мојата приватност, Ве молам?

Ficlefiend од Шкотска се согласува:

Што по ѓаволите? П.С. Според нивните процени, точно колку убијци ги испраќаат деталите за нивните експлозии по имејл?

На LiveJournal, напис од весникот The Independent исто така доби многу реакции, вклучувајќи еден од Mannygoldstein кој мисли дека поврзаноста со тероризмот е неискрена:

Дали работите сега се апсурдно преувеличени? Постојат многу закани на безбедноста и сигурноста на Велика Британија и нејзините граѓани, но тие вклучуваат цел опсег, вклучувајќи сообраќајни несреќи, свински грип и громови! Колку смртни случаи и повреди настанале поради тероризам и колку ресурси се потрошени за „безбедност“ за да се заштити јавноста од таква закана?

Ширеше на информацијата

Derryquinn креираше видео на YouTube против владиното надгледување и цензурирање и напиша: „Ве молам раширете го ова видео, одбијте ја цензурата на интернет. Испратете ја оваа порака до вашите локални советници, без разлика од која земја сте. Кажете им дека нема да прифатите орвелски мониторинг на интернетот.“

Блогерите исто така реагираа.

Ричард на How This Old Brit Sees It… мисли дека новата идеја е бесмислена:

Проклето брилијантно, нели? Тие ќе ги научат лошите момци, нели? Тоа ќе ги сопре, а? Тоа сигурно ќе не направи многу побезбедни, нели?
Бидејќи лошите момци нема да прочитаат и слушнат што се случува, нели? Тие нема да се префрлат на користењето различни стари, нетехнички работи за нивното планирање и организирање?
Не! Никогаш!

На Twitter @lostmoya започна дискусија со линк до напис на ББС и доби поддршка од еден свој следбеник @4TMSocialMedia:

@lostmoya се согласувам. Интернет мониторинг, CCTV камери со микрофони, анти-терористички закони кои ќе се користат против цивили. Орвеловата 1984 пристигна.

…и обмислена реакција од @glynmoody

@lostmoya па, за тоа може да треба многу време за да се случи, се надевам следните избори се приближуваат.

Реакциите за најавата ќе бидат основа за лице во лице дискусија на оваа и други теми поврзани со приватноста во Велика Британија и светот за време на БарКамп за транспарентност

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.