- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Скопје: Одржан собир за размена на сликички од светското првенство во фудбал

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Добри вести, Идеи, Спорт

Стотици луѓе се собраа во недела попладне на 28 април 2014 г. во скопскиот Градски парк да менуваат сликички од албумот за Светското првенство во фудбал.

Размена на сликички во Скопје, Македонија на 27 април 2014. [1]

Луѓе од сите возрасти разменуваат сликички во Градскиот парк во Скопје. Фото: Ф.С. (CC-BY)

Во Македонија, како и во другите земји на бивша Југославија, постои децениска традицијата за собирање сликички, најмалку од седумдесеттите години, а многу од старите албуми со сликички се предмет на интерес на колекционери. Возрасни учествуваат во размените скоро на исто ниво како децата и најпопуларните брендови се италијанскиот Панини (Panini [2]) и хрватскиот Краш (Kraš [3]) со „Животинско царство“. Во 2006 година, локалниот програмер Горан Шлакески го основа веб-сајтот slikicki.com (со содржини на македонски [4], англиски [5] и словенечки [6]) кој е своевиден центар на онлајн заедница за размена на сликички, која го шири своето влијание и со офлајн настани како собиров.