Кина: Зелена олимпијада и актерка како амбасадор за екологија на ОН

Ден Бикман на „Блогинг Беиџинг“ ги сумира проблемите на Пекинг со животната околината и неговите очекувања. Тој интервјуира невладини организации и студентски лидери за Зелената олимпијада, една од трите теми за овогодинешната олимпијада. Тој неодамна го интервјуираше г. Ву Денгминг, влијателен човек кој се грижи за животната околина од Чонгкинг, во средна Кина.

Г. Ву за крајот на игрите го кажа следново:

По завршувањето на олимпијадата, ова движење [за животната средина] ќе продолжи. Кина не може да се врати назад. Сега луѓето знаат што треба да се случи. Организациите, како нашата, заземаат поголема улога во општеството.

Лидерот на УНЕСКО Гаоминг Џианг, на дијалогот за Кина зборува за огромните проблеми на Пекинг со водата. Изворите на вода на Пекинг страдаат од загадување (мешавина од ѓубре, па дури и измет) и недостаток на вода. Тој исто така има и неколку експертски мислења за прочистување, со следниов заклучок:

…еколошкиот менаџмент мора да биде поврзан со зголемувањето на сиромаштијата и креирањето на богатство. Предизвиците со кои се соочува заштитата на изворите на вода се проблеми креирани од човекот. Треба да ја преземеме иницијатива за помагање на овие области да ги решат проблемите со енергијата со технологија за создавање на метан и повеќе дистрибуирана инфраструктура. Исто така мора да помогнеме за хигиената, градејќи отпади и погони за обработување на водата. Ова ќе овозможи областите да имаат задоволителна вегетација, создаваат доволно вода и ќе осигурува дека водата која тече во резервоарите е чиста.

На Трихудер, Алекс Пастернак ја коментира одлуката програмата за развој на ОН да назначи позната личност од Кина за амбасадор на добра волја, која ќе ја промовира животната средина. Актерката Жоу Ксун играше во Балзак и малата кинеска шивачка и трогателниот кинески филм Реката Сужоу. Тој вели…

Во земја каде реториката за заштита на животната средина изгледа обратно пропорционално на јавната свест (особено помеѓу младите!), позната личност која ќе ја шири пораката за животната околина можеби е најефективниот начин. Наспроти Гонг Ли, која носи крзно, неколку ѕвезди во Кина станаа познати по нивните зелени избори. Штета. Кампањи помогнати од ѕвезди може да бидат олеснување од типичните владини иницијативи…

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.