- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Србија: Блогери дискутираат за плановите за подигање споменик на покоен азербејџански претседател

Категории: Источна и Централна Европа, Централна Азија и Кавказ, Азербејџан, Србија, Владеење, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Меѓународни односи, Политика, Уметност и култура

Ташмајдан, еден од најубавите паркови во Белград, неодамна беше реновиран, делумно благодарение на донација од 2 милиони евра од Владата на Азербејџан. Веста која последниве неколку недели поттикна контроверзи меѓу српските блогери и интернет-заедница е дека услов за оваа великодушна донација било Белград во паркот да подигне споменик на покојниот азерјбеџански претседател Хејдар Алијев [1] (анг.).

Приказната [2] (анг.) за контроверзното владеење [3] (анг.) на Хејдар Алијев предизвика некои блогери да го постават прашањето дали и во замена за таква донација вреди да се постави статуа на таков човек.

Влада Дуловиќ од блогот Живеење во Белград пишува [4] (анг.):

…поставувањето на триметарска статуа на една личност што умрела пред само неколку години во било кој случај би било исклучително сомнително. А и за каква личност се работи!
До својата смрт во 2003 година Алијев владеел со нафтоносната република повеќе од 30 години, прво како комунист, а потоа и како прв демократски претседател, при што немало промени во неговиот однос на силна рака. Ја предал власта на синот Илхам, кој ги промовира татковото и сопственото владеење преку донации со финта во сиромашни земји. Една од нив е Романија, каде неодамна Букурешт прифати ваков договор.

Блогерот Махлат го смета Алијев за „еден од најлошите диктатори на сите времиња“ и додава [5] (српски):

Но ништо од ова не е важно бидејќи  [Јован Кркобабиќ [6], вицепремиер задолжен за социјални работи] изјавил дека ние не треба да „бидеме полицајци и да истражуваме што се правело во минатото. Оти за тоа не би имале време…“  — со други зборови — не е важна диктатурата, се работи за 2 милиони евра, побогу, а тоа е „пред сèе во функција на Белград и неговите жители“.

Небојша Кривокуќа се прашува [7] (срп.) на неговиот блогзошто скоро никој од медиумите не споменува  ништо од биографијата на Алијев и заклучува:

Оти два милиони евра, очевидно, овозможуваат поприличен степен на слободи за донаторот.

И сега, ако меѓу богаташите има има такви со позабеган смисол за хумор или поинаков поглед на работите, би можел наскоро да се појави и некој кој би преуредил на пример, дел од Калемегдан [8], под услов да се постави статуа на Сталин! Бездруго и ние самите, како народ, го поздравуваме од време на време. А можеби би се нашол и некој побогат, што би платил за средување на Ушќе [9] (анг.), со подигање на 30-метарска статуа добро, не мора баш на Хитлер, за кој е малку незгодно, иако тој веќе има апартман во хотел во центарот на Белград [10] (анг.)… Но Ким Јонг Ил веќе би можел да помине – владеел доволнодалеку да не ни биде претерано важно што точно правел, зар не?