- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Градење врз веројатен археолошки локалитет

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Животна средина, Историја, Наука, Уметност и култура

По испитување историски документи и мапите на Гугл, Волан заклучил (овде [1] и овде [2])  дека новата управна зграда на ЈП Водовод и канализација – Скопје [3] веројатно се гради врз остатоците од средновековниот скопски „Долен Град“. Ова прашање е игнорирано од традиционалните медиуми. Тој прашува како „Влада која во петте години потроши неколку милиони евра годишно за археолошки истражувања, не можеше да претпостави дека на оваа локација треба да има прво заштитни археолошки истражувања, па потоа да почне ископот“ со [4] багери [5].