Египет: Економски вегетаријанци

Во последниве недели во Египет, цените на црвеното месо драматично се зголемија. Без разлика дали тој факт е поврзан со моментната состојба на светската економија, јасно е дека многу Еѓипќани се принудени да станат вегетаријанци поради високите цени. Граѓаните одбиваат и да купуваат месо во надеж дека тоа ќе помогне во намалување на цените.

Пазар за месо блиску Атаба, Египет - од Furibond на Flickr

Пазар за месо блиску Атаба, Египет – од Furibond на Flickr

Masr Al Youm на 15 април известува на својот блог [арапски].

Асоцијацијата за заштита на потрошувачите ќе отпочне со кампања за бојкот на месото во Каиро и другите градови со цел да се изкаже незадоволство од високите цени на месото.

Weekite пишува [арапски] за тоа како се менувале цените на црвеното месо на пазарот изминативе неколку години.

Кога цените на некои производи се зголемуваат, тогаш тој производ се купува во помали количини. Но, ние продолжуваме да купуваме месо и покрај промените на цените.

Се додека цената не стигна до 30 EGP (египетска фунта) за килограм, па потоа 40 и 50 EGP. Тогаш се запрашавме дали може уште да расте, но таа продолжи да се зголемува и до 60 и 70 EGP за килограм месо. Килограм за 70 EGP! Што се случува, по ѓаволите!?

Тогаш одлучил да не купува месо додека цената не се нормализира. Нема да купува месо додека цената повторно не достигне 50 EGP за килограм.

Ако имате деца кои секојдневно мора да внесуваат протеини тогаш размислете за замена на црвеното месо со пилешко. Ако и цената на пилешкото порасне, тука е рибата. Ако и цената на рибата се зголеми, тогаш тука е и увозното бразилско месо кое е сосем во ред- 20 EGP за килограм.

Egypt Today пишува за историјата на бојкотот на месото во Египет [арапски].

Пред околу 30 години, во 1977, Еѓипќаните протестирале во таканаречени “Демонстрации за леб“,к ои владата ги нарекувала “Демонстрации на апашите“. Протестите започнале затоа што цената на месото достигнала една египетска фунта за килограм. Иронично е што во новиот милениум цената достигна 70 EGP за килограм, а овојпат и граѓаните и државата одлучија да протестираат.

Оваа кампања се смета за најуспешна по онаа од крајот на осумдесеттите години кога дамите од високата класа од областа Ел Маади, во јужниот дел на Каиро – повикаа на бојкот на месото кога цената достигна 10 EGP за килограм.

Во претходните кампањи биле вклучени само граѓаните, овојпат и владата се согласила да учествува, до крајот на месец април. Асоцијацијата на месари, пак, им предложи на луѓето да купуваат помала количина, наместо воопшто да не купуваат месо.

Дури и министерот за земјоделство – Амин Абаза – побара од народот да не купува месо и да користи алтернативни решенија за да се избори со алчноста на продавачите и фармерите.

Се чини дека веста за оваа кампања стигна и до соседите во Израел и египетскиот блогер Cairo Life Reviews пишува за понудата од Израел за помош околу ова прашање.

Кога барав на Гугл за бојкотот во Египет, статија до Палестина денес од еден еврејски блогер, што ми го привлече вниманието.

Според ’Палестина денес’ и весникот Алмасрион, Израел љубезно се понудил да помогне нудејќи се да обезбеди увоз на 150 тони месо. Египетското Министерство за земјоделство, пак, љубезно одбило!! ФАЛА БОГУ! Објасниле дека нема недостаток од месо и ги поттикнуваат потрошувачите да не купуваат месо за да се стабилизираат цените.

Продолжуваат шпекулациите за тајните планови на Израелците кои се кријат зад ваквата понуда.

Во прегледот на најважните вести, палестинскиот весник пишува дека израелската влада ’им нуди бесплатно месо на Еѓипќаните’. Бесплатно не е баш исто што и извоз. Сметам дека Израел сака да заработи купишта пари од оваа зделка!! Ако власта во Израел сака да помогне, нека им го даде тоа месо на луѓето во Газа кои гладуваат.

Во суштина, никој не ги знае причините поради кои цените на месото се зголемуваат. Некои луѓе ја обвинуваат владата, додека таа пак ги обвинува месарите и продавачите, а тие за виновни за целата оваа криза ги сметаат економијата и високата цена на сточната храна.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.