Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Ревидираниот закон за животна средина на Кина ги зајакнува казните против загадувачите

Smog in Linfen, China. The city has been named one of the world's most polluted by various organizations. Photo by Flickr user sheilaz413. CC BY-NC-ND 2.0

Смог во Линфен, Кина. Градот е прогласен за еден од најзагадените од страна на различни организации. Фотографија од Фликр корисникот sheilaz413. CC BY-NC-ND 2.0

Кина повеќе нема да ги затвора казните за загадување за компании во обновениот обид за обраќање кон своите лабави еколошки прописи, во време на се поголем јавен бес околу загадувањето. 

Последниот чекор е вграден во амандманите на националниот закон за животна средина, кој беше усвоен од страна на законодавното тело во земјата минатaта недела, по две години дискусија помеѓу научниците и властите. Ревидираниот закон ќе стапи на сила на 1ви јануари, 2015. Стариот закон бил усвоен во 1989 година. 

Кинеските медиуми тврдат дека амандманите на новиот закон за животна средина се најстрогите амандмани донесени во последните 25 години. Новиот закон им дозволува поголема моќ на еколошките агенции во користењето на казнени сили со цел контрола врз моќните загадувачи. Тој исто така ветува заштита на „црвените линии“, во однос на ранливите еколошки и водени ресурси. 

Властите исто така преку амандманите алудираат дека тие ќе дозволат поголема слобода на индивидуалци во преземањето на правни мерки против штетите врз животната средина, што сеуште е осетлива област од судските постапки во Кина.

Неконтролираниот економски развој на Кина е придружен со тешки загадувања на животната средина, со компании кои често даваат отпор кон спроведувањето на законите на животната средина. Нејзиниот годишен двоцифрен пораст последните три декади ја претвори земјата во втората најголемата економска сила после САД, но „експанзијата по секоја цена“ предизвика големи уништувања на воздухот во земјата, почвата и водата, што е огромна грижа за јавноста поддржана од социјални медиуми каде тие ги изјавуваат своите незадоволства. 

Промената на законот за животна средина на Кина ја истакнува ургентноста во справувањето со загадувањето додека земјата живее во распространето загадување. Законот се донесе набрзо откако Кина објави отрезнувачки извештај дека речиси една петтина од обработливото земјиште е загадено. 

Лиу Менг, работник од ОН со фокус на Кина, објаснува што претставува законот за НВО секторот, на сервисот за микроблогирање Sina Weibo: 

过去由于一些高污染行业的“GDP效应“导致了地方政府的保护,NGO组织和环保律师在起诉污染行业方面存在阻力。新的修订案赋予一些社会组织向”污染大户“提起公益诉讼的权利,中国的非政府组织会在环保监督和推动方面将发挥更大的作用。近日河北正式启动公众参与环境保护立法,走在了前列!

Како последица на „БДП ефектот”, многу од високо-загадувачките индустрии се здобија со локална владина заштита во минатото, НВО и еколошките адвокати имаат големи потешкотии во тужењето на загадувачките индустрии. Новите амандмани овозможуваат одреден степен на права на социјални организации да тужат „големи загадувачки претпријатија”, со што кинеските невладини организации ќе играат поголема улога во надзорот на животната средина. Последните неколку недели, провинцијата Хебеј објави дека ќе иницира програми за дозволување на јавноста да учествува во легислацијата на законите на животната средина.

 Жу Хаијиу, професор по економија во Жејианг, на Веибо напиша: 

环境的悲剧,本质上是法治的悲剧,是法治沦陷的体现。  

Основната причина за трагедиите во животната средина се трагедиите во владеењето на законот, тоа укажува на дегенерацијата на законот. 

Порано, Жу изјави на Ifeng.com дека е сеуште рано да се воочи напредокот од промените: 

新修订的环保法赋予环保部门更大的执法权来惩治污染企业,这算不算一个进步?笔者不这么认为,我们不能在“环保部门权力扩大”和“环境治理变好”之间划上等号。问题不在于环保部门执法力度够不够大,而在于执法能不能得到有效的监督,公众有没有途径对不作为的环保部门问责。因此,对不得力的环保执法部门的惩罚力度加大,而不是对污染企业的惩罚力度加大才算真正的进步。

Амандманите ќе им дадат поголема моќ на авторитетите по животна средина за казнување на претпријатијата кои загадуваат, но дали ова значи прогрес? Мислам дека не. Не можеме да ги еднаквиме „помоќни еколошки агенции” со „подобро владеење со животната средина”. Проблемот е што имплементацијата на законот е слаба и не е  под ефикасен надзор, плус јавноста нема канал преку кој можат да ги држат одговорни авторитетите по животна средина. Затоа, додека не ги зајакнеме казнените мерки против авторитетите по животна средина наместо оние против загадувачите, не можеме ова да го наречеме вистински напредок. 

Издвојувајќи фабрика која загадува во Фошан во провинцијата Гуандонг, Веибо корисникот “holdon2014″ го понуди следниот коментар: 

你们创收的机会来了,处罚道明化工一厂保证你们罚到手软,年终奖领不完。

Дојде вашата можност да направите пари! Ќе трошите бескрајно многу време издавајќи казни на Даоминг хемиската фабрика број 1 и вашиот едногодишен бонус ќе биде прекрасен. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.