Кина вели „не“ на понудата на Јапонија за помош по земјотресот

Кинеската влада ја одби понудата на Јапонија да помогне во спасувачките напори, по земјотресот во југозападната провинција на Кина – Сичуан, во кој загинаа најмалку 193 и беа повредени повеќе од 12 000.

Земјотресот, со измерена магнитуда од 7.0 од страна на Администрацијата за земјотреси на Кина, се случи утрото на 20ти април 2013, во планинските делови близу Јаан, град со 1,5 милиони жители, познат по својата популација на панди и индустријата на чај.

Набргу по земјотресот, премиерот на Јапонија Шинзо Абе го изрази своето сочувство и ја понуди својата помош на кинеските лидери, велејќи дека Јапонија е „подготвена да понуди максимална поддршка“.

Како одговор, Министерството за надворешни работи на Кина во својот дневен брифинг за новинарите на 21ви април рече дека владата е благодарна за овој великодушен гест, но дека нема потреба од надворешна помош во моментот, повикувајќи се на пренатрупаните патишта и компетентноста на кинеските власти самостојно да се справат со хуманитарната работа:

Image by Flickr user @Shiqi Shen(CC BY-SA 2.0).

Земјотресот во Јаан уби 193 лица. Фотографија од корисникот на Flickr @Shiqi Shen (CC BY-SA 2.0).

 4月20日,中国四川芦山发生地震后,国际社会迅速向中国政府和人民表示慰问和支持,一些国家提出愿意提供各种形式的援助。中国政府和人民对此表示衷心感谢。中国政府正全力开展救灾工作。目前中方搜救和医疗力量有保障,救灾物资充足,同时考虑到灾区交通和通讯条件不便,暂不需要外国救援队、医疗队和救灾物资。如有需要,我们将适时向有关国家提出。中国红十字会总会已发布了接受国际资金援助的联络方式。

По земјотресот на 20ти април во Сичуан, меѓународната заедница веднаш го изрази своето сочувство и помош, некои земји ја покажаа својата подготвеност да понудат помош од секаков вид, за тоа кинеската влада и нејзиниот народ се благодарни. Кинеската влада спроведува работа за олеснување од несреќата. Во моментов имаме доволно олеснување и медицинска работна сила, како и доволен број на резерви на олеснувачки материјал, со оглед на неисправноста на телекомуникациските врски и сообраќајот во зоните погодени од земјотресот, за сега немаме потреба од надворешни спасувачки тимови, медицински, или спасувачки материјали. Доколку се јави потребата од нешто вакво, ќе се обратиме кај релевантни земји каде што е потребно. Кинескиот Црвен Крст го објави контактот за прифаќање на финансиска помош од странство.

Но, истовремено, кинеските државни медиуми го регистрираа претстојното пристигнување на околу 200 руски спасувачи.

Јапонската понуда за помош се случува во времиња нестабилни за односите помеѓу Кина и Јапонија, откако двете земји продолжуваат да се препираат околу островите во Источното Кинеско Море.

Отпорот на министерството за помош од Јапонија предизвика живи дебати на кинеските социјални медиуми, каде некои ги наведуваат неодамнешните територијални спорови и историската огорченост меѓу двете земји.

„Куаиле Сонгксианг“ од Пекинг напиша дека Кина треба да учи од Јапонија за превенција од катастрофи, коментирајќи на популарната кинеска веб-страница за микроблогирање – Sina Weibo:

不但应该接受日本援助,还应引入日本先进的防灾减灾培川,当然最根本的是学习日本那让人眼红的防震建筑和先进的报警系统.

Не само што треба да ја прифатиме понудата на Јапонија, туку треба и да научиме за напредна превенција од катастрофи и ублажување од Јапонија, се разбира, суштински.

Изразувајќи слични чувства, корисник на Weibo „чие име повеќе не е важно“ се пожали:

 狭隘的民族主意,打肿脸充胖子,接受日本援助很丢脸吗?

Тесниот националиам само гризе повеќе од што можеме да соџвакаме, дали е навистина толку понижувачки да прифатиме помош од Јапонија?

„Јангер Дини“ од северозападниот град Ксиан, сепак, ја оправда одбраната на владата нудејќи ги своите aнализи:

有很多政治因素在里面,中国很多重工和核设施在四川附近,这个时候闭关自守也是出于国防的考虑.

Вклучени се многу политички елементи, многу тешки индустрии и нуклеарни постројки се наоѓаат близу Сичуан, избирајќи да се затвориме себеси е од причина за национална заштита.

„Пушан Пушан Де Јанјинг“ од провинцискиот главен град Нанчанг од источната провинција Јангкси саркастично напиша:

日本是中国凝聚民心彰扬民族主义的反面宣传的对象,若让其来中国做好事,会直接提升其在中国百姓心中的正面形象,对以后的反面宣传不利,所以。。。

Јапонија е дел од негативната пропаганда да се собере национализам, ако им дозволиме да вршат добри дела во Кина тоа може да ја покачи позитивната слика меѓу обичните кинески граѓани, што би било негативно за негативната пропаганда, така што…

„Јихао Каомин“ делува разочарано од споредбата помеѓу двете нации, алудирајќи на скандалот на кинескиот Црвен Крст и медиумските соопштенија за како лидерите јадат инстант нудлс како ништо повеќе од зајакнување на сликата.

日本每年有感地震1000多次,全球10%的地震均在日本。可是日本地震却很少大规模死人。为啥?1.房屋抗震,绝无豆腐渣。2.救援及时专业,不会派没经验的军队上,更不会拒绝外国援助。3.领导吃泡面小米粥不会拍照宣传。4.人家的红十字会不养郭美美。5.人家能上推特,且不删帖。6.……欢迎补充

Јапонија имала искуство со чувствителни земјотреси повеќе од 1000 пати, 10 проценти од сите земјотреси на светот се случиле во Јапонија. Но, земјотресите во Јапонија ретко предизвикуваат големи жртви. Зошто? 1. Куќи кои можат да издржат земјотреси, не ефтини градежни проекти 2. Професионална и навремена работа за олеснување на последиците, не неискусна армија пратена да ја заврши работата, не одбивање на надворешна помош 3. Нема фотографии од лидери кои јадат инстант паста и каша од просо 4. Црвениот Крст (во Јапонија) го нема Гео Меимеи 5. Луѓето можат да пристапат на Твитер без нивните пораки да бидат избришани. 6…. секакви дополнувања се добредојдени

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.