Египетската блогерка Зеинобија го напаѓа Папата Шенуда III во еден од нејзините последни постови овде, за неговиот Велигденски говор годинава.
Сѐ уште се чувствувам многу тажна и налутена од тоа што Папата Шенуда изјави и направи овој Велигден од молитвите за да му се продолжи животот на Мурабак!! и предупредувањето на своите луѓе бидејќи ги слушаат овие вандали преку интернет, кои ќе бидат испратени во пеколот !!??
Таа продолжува:
За Муслиманите, ова е нешто вообичаено, јас знам од многу одамна дека говорите на Имамот во џамијата во нашето маало се одобрени од обезбедувањето, па јас не се грижам многу за тоа што тие велат, да не споменувам дека религиозниот човек во Исламот го нема оној свет статус како религиозниот човек во Христијанството.
Но за некој како Папата Шенуда од својата позиција доаѓа и кажува вакви бесмислици за овие членови на Фејсбук кои ќе горат во пеколот, тогаш ние траба да пружиме отпор тука.
Таа го завршува својот пост вака:
Не постои оправдување за Папата или за Шеикот од Ал-Азар, всушност јас ќе се осмелам да кажам дека тие треба да се плашат од Господ, а не од Претседателот.
Сајберактивизмот, блогирањето и употребувањето на Фејсбук од неодамна е под надзор на Египетските службени лица, по барањата што доведоа до национален штрајк на 6ти април, кој кулминираше со револтот на работниците од Махала. Неколку блогери како и основачот на Фејсбук групата именувана 6ти април беа помеѓу илјадниците активисти, политичари и случајни минувачи задржани од властите на тој ден и во следните денови. Со тоа, останува дека Фејсбук групата не беше таа што го водеше штрајкот и работниците кои бараа повисоки примања и подобра плата за да се соочат со зголемените животни трошоци.