Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Филипини: Регистрација на мемориските дискови во интернет кафињата

Филипинската комисија за оптички медиуми (Philippine Optical Media Board – OMB) неодамна изложи предлог за воведување на задолжителна регистрација на тврдиот мемориски диск во компјутерите во интернет кафињата. Согласно со Комисијата, заради постоењето на магнетски компоненти во тврдите дискови, согласно со Актот за оптички медиуми од 2003, тие потпаѓаат под државна контрола.

Асоцијацијата на филипинските сопственици на интенет кафиња го покрена своето спротивставување против предлогот на регистрација на тврдите дискови, велејќи дека „ова ќе ја доведе ИКТ индустријата во целина назад во каменото доба“.

ЏС Џон Сесе Кунета, коментирајќи го мислењето истакнато на блогот Azrael's Maryland's вели дека предлогот е неразумен и повикува на потребата од постоење на технолошки образовани политичари при изведувањето на државни избори:

[Ова] ни ја потенцира потребата да знаеме кои од кандидатите сѐ запознати со технологијата и мрежите, за да можеме да гласаме за нив. Бидејќи тоа е ланчана реакција, доколку гласаме за кандидатите кои не сѐ запознаени со тоа, најверојатно е дека позициите на кои тие ќе бидат назначени ќе бидат пополнети со луѓе кои немаат поим за технологија и мрежи.

Во истата дискусија, Ka_fredo го критикува предлогот како само уште еден начин државата да заработи пари:

Ова е уште еден половичен политички потег на нашите ценети „технолошки необразувани“ кандидати именувани за претседателските избори. Ова е само уште еден начин да ги „молзат“ соптвениците на малите интернет кафиња. Наместо да најдат начин да ги спречат престапниците, тие творат потенцијални извори за приходи добиени преку уцена.

Филипинскиот парламентарец и уредник на GVO Монг Палатино, исто така предупредува дека предлогот може да биде искористен за злоупотреба на човековите права на приватноста и правото против нелегални испитувања и апсења.

„Самата идеја дека Комисијата ќе има директен пристап до приватни мемориски дискови е очигледно уставен прекршок. Тоа е исто како да го изложуваш својот плакар под државен надзор“, рече Палатино.

Според Палатино, можноста Комисијата да го проверува целиот мемориски апарат ќе ги изложи на увид сите лични фајлови на сопственикот.

Во меѓувреме, овој предлог предизвика уште повеќе прашања на блогот Имајќи интернет кафе:

За оние кои користат ЦД и ДВД режачи во својот интернет бизнис, регистрацијата на апаратите кал Комисијата е веќе голем товар, бидејќи тоа се прави само во нивните канцеларии во Кезон Сити, во општината Манила. Се прашувам како ќе биде изведена регистрацијата на меморискиот диск? Моето наредно прашање е дали според извршниот декрет само сопствениците на интернет кафиња ќе треба да ги регистрираат своите мемориски дискови? Што ќе биде со останатите дејности и фирми кои користат компјутери и мемориски дискови?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.