Чиле: Рафинеријата се отвора повторно и покрај труењето на учениците

На 23 март 2011 година, по 40-те случаи на граѓани и ученици затруени со сулфур, бакар и други материи кои содржат сулфур во Ла Греда, во регионот Валпараисо, чилеанското Министерство за здравство одлучи да го затвори тамошното училиште.  Инфицираните имаа силни главоболки и труење по вдишувањето на „синиот облак“ којшто доаѓа директно од рафинеријата на државната рударска компанија Коделко (Национална корпорација за бакар во Чиле). Покрај Ла Греда и некои други градови, меѓу кои Орсон и Ла Чокота, беа погодени исто така поради пропусти во процесирањето на металот.

Ventanas industrial area, Chile. Image by Flickr user Fernando Mandujano (CC BY-NC-SA 2.0).

Индустриската област на топилницата, Чиле. Фотографија од Фликер корисник Фернандо Мандујано(Криејтив Комонс, Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови 2,0).

На 30 март и покрај затворањето на училиштето, Судот на  Валпараи го осуди Коделко да престане со топење на металите во нивната „отворена“ рафинерија, додека пак тужбата на Еколошкиот совет на Квинтеро и поранешните работници на Енами, сегашно Коделко, која придонесе за затворање на компанијата, сега е под истрага.

На 30 март, блогерот @CEFIRAX информираше за овие вести на Твитер:

Tribunales d Justicia paraliza funcionamiento de #Ventanas por contaminación en #Puchuncaví #Paiscontaminante #huelladecarbono

Судовите за правда ја запреа операцијата  #Ventanas поради загадување во #Puchuncaví #Contaminatingcountry #carbonfootprint

Паола Аревало (@Lolitalolein) го искажа своето мислење истиот ден:

Menos mal que atinaron, la solucion no era cerrar el colegio de #LaGreda, si no cerrar la fundicion #ventanas. Obvio!!

Фала богу донесоа правилна одлука, но немаше потреба од затворање на училиштето во #LaGreda за да го решат проблемот, требаше само да го запрат топењето на металите. Тоа е повеќе од очигледно!

Партијата на еколозите не информира (@ecologistachile):

Corte paraliza obras de la Fundición #Ventanas de #Codelco por contaminación en Escuela La Greda. Tras… http://fb.me/Uxe8fmWo

Судовите ги затворија топилниците, #Ventanas, на Коделко  поради загадувањето на училиштето во Ла Греда…http://fb.me/Uxe8fmWo

Истражувачот Марта Барба (@martukabarba) исто така напиша:

Por suerte decidieron x la escuela y no x la fundicion #ventanas … Momentaneamente. A ver q pasa.

За среќа, одлучија во корист на училиштето, а не за топилницата, #ventanas,…за сега. А за понатаму ќе видиме што ќе се случи.

Рикардо Дијаз (@Aaeero) ентузијастички зборува:

Excelenteee pararon #Ventanas ojalá la cierren pobre gente de Puchuncaví hay que puro catetear para que la cierren es el colmo !!

Одлично! Топилницата, #Ventanas, е запрена, посакувам да ја затворат засекогаш! Јадните луѓе од  Пучунсави! Сега треба да ги иритираат и да ја затворат! Ова е веќе премногу!!!

Новинарката Марија Паз Ланес (@MPazIS) исто така слави за новостите:

Que bueno q cierren #ventanas. Tenerlo abierto es como meter presa a la víctima y dejar libre al ladrón

Многу ми е мило што ја затворија топилницата #ventanas. Држејќи ја топилницата отворена е исто како да ја држат жртвата во затвор а крадецот да е на слобода.

Но, како и да е, истиот Суд којшто го осуди и го затвори Коделко нареди повторно отворање на истиот и тоа по само 24 часа откако Коделко поднесе тужба. Со цел да ја добие тужбата, компанијата приложи извештај од Хуан Луис Солари, одговорен за Легалниот оддел на регионалниот секретаријат на Министерството за здравство, според којшто топилницата не го загрозува здравјето на луѓето.

Веднаш по отворањето на топилницата, следниот понеделник на 4 април, децата беа вратени во училишните клупи во Ла Греда откако Министерот за здравство презентираше документ со кој Коделко ветува дека нема да има сличен случај во следните три месеци додека училиштето е отворено и додека не се промени локацијата на училиштето за да не го загрозува здравјето на децата.

Советот на градот Пучунсави, поранешните работници на Енами и групите за животна средина сакаа да ја променат одлуката на Апелациониот суд на Валпараисо за повторно отворање на фабриката.

Од 31 март, реакциите на народот на Твитер се зголемија. Новинарката Анхелика Салцедо (@angelicasalcedo) се сложи дека:

El desarrollo económico NO puede fundarse en destrucción del medio ambiente #Ventanas

Економскиот развој не смее да се базира на уништување на животната средина #Ventanas

Вили Флорес (@willyflores) прашува:

Lo de #Codelco #Ventanas a lo menos es extraño. ¿No?

Што всушност се случи во #Codelco#Ventanas малку е чудно, нели?

@cubicado коментираше дека,

La sistemática destrucción de #Ventanas, #Puchuncaví y #LaGreda por parte de ENAMI/CODELCO es cuento viejo. Llevan 40 años matando gente

Систематското уништување на #Ventanas, #Puchuncaví и #LaGreda од страна на  ЕНАМИ/КОДЕЛКО е веќе стара приказна. Тие ги убиваат луѓето веќе 40 години.

Блогерот Даниел Фуентеалба (@dfuentealba) пак вели:

Codelco se ríe de la corte suprema… #ventanas sigue funcionando. Con estas acciones los estudios de impacto ambiental no tienen sentido.

Коделко се исмева на Врховниот суд…#ventanas сè уште работи. Со вакви дејности сите учења за животната средина се бескорисни.

Мелани Веисон (@meluweissohn) бара,

#Fiscalización estricta y responsable para #Codelco #Ventanas y para todas las empresas cuyos desechos y emanaciones sean #tóxicos.

Одговорност и строго набљудување на Коделко и за сите компании со токсичен отпад и емисии.

За да се зголеми контроверзноста беше објавен напис на 1 април во еден оналјн весник, Ел Мострадор, во кој се потврдува дека загадувањето не е новост во Ла Греда.  Во продолжение на написот, се наведуваат обвинувања од соседите коишто тврдат дека се заплашувани како што не информира  Ради Кооператива, а истото се споменува и на Твитер на @Canal_Chile:

Vecinos de #Ventanas acusan “amedrentamiento” por parte de funcionarios de #Codelco http://t.co/2eDnhG2 vía @Cooperativa

Соседите на топилницата обвинуваат дека Codelco ги „заплашува“ http://t.co/2eDnhG2 преку @Cooperativa

Случајот е сè уште отворен.

Ventanas Refinery, Chile. Image by Flickr user lukas_y2k (CC BY-NC 2.0).

Топилница, Чиле. Фотографија од корисникот на Фликер lukas_y2k (Криејтив Комонс, Наведи извор-Некомерцијално 2,0).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.