Етиопските блогери ја бранат обвинетата поп ѕвезда

Етиопските блогери побрзаа да ја одбранат својата најпозната поп ѕвезда Теди Афро, откако тој се појави на суд за убиство на млад човек во главниот град Адис Абеба.

Многу писатели беа убедени дека Афро бил наместен од етиопските власти, кои огорчени од огромната популарност на пејачот ги прикривале анти-владините стихови.

Прв пат Афро беше испрашуван од полицијата во ноември 2006, откако бездомно 18 годишно момче беше пронајдено мртво од удар на кола во центарот на Адис Абеба. Полицијата изјави дека БМВ-то на Афро било забележано на местото на настанот од страна на таксист.

Неговите обожаватели беа многу изненадени кога Афро беше уапсен, обвинет и задржан во притвор минатата недела, две години по оригиналниот инцидент. Мејнстрим медиумите го опишаа начинот на кој обожавателите протестираа пред судската соба каде судијата го одби барањето за кауција.

Теди Афро – вистинско име Теводрос Касахун – е многу популарен помеѓу Етиопјаните во и надвор од земјата. Неговиот хит Јастесерјал (слушнете ја на неговиот официјален сајт teddyafro.com) – за кој многумина велат дека критикува неколку лидери на Етиопија, вклучувајќи го и моменталниот премиер  Мелес Зенави – беше забранет на државното радио.

Меркато објави текст од Голто Аила, наречен Етиопија – „Мојот солидарен форум“ за Теди Афро – Херој на Етиопија и затвореник на совеста, во која е наведено:

Овој бранител на правдата на нашите луѓе; овој глас за оние без глас; овој поборник за потчинетите; овој забавувач можеше да живее луксузно во странство и да ужива во животот како што повеќето од нас уживаат, но знаејќи го ризикот за неговиот живот, тој се врати дома и продолжи со мисијата која си ја постави самиот! Денес тој седи во злогласниот затвор Калити, токму поради тоа што тој го направи за своите сонародници! Понижувањата кој тој ги доживеа досега и ќе продолжи да ги доживува ќе бидат најтажниот симбол за страдањата на нашиот народ во последниве две декади!

Блогот на Дебтерав го споменува Афро во листа на “политички затвореници“ во написот Тенсае Ле-Етиопија.

Адис Тибеб за притворањето на Теди Афро напиша:

Многу обожаватели веруваат дека Теди е наместен за злочинот од владата, која го презира јавното прифаќање на  политичките прекорувања во некои од песните на Теди.

Арефе од Адис Џурнал го опиша своето мислење на овој случај, опишувајќи ги сцените надвор од судницата кога судот го одложи сослушувањето на Теди:

Илјадници обожаватели со пароли за охрабрување го поздравија пристигнувањето на Теди. Носејќи очила за сонце и маичка, Теди ги поздравуваше додека полека влегуваше во судницата. Како што го напушташе судот, извикот „ослободете го“ стана поинтензивен и полицијата ги обиколи и притвори некои од обожавателите. Новинар од магазинот Хамравај и друг магазински новинар беа меѓу притворените. Сѐ уште не е јасно зошто полицијата ги приведе.  Беше кажано дека сите биле задржани во полициската станица која се наоѓа пред судот… Притворот на Теди пред две недели предизвика огромен интерес и вознемиреност во градот, а неговите песни ненадејно доживеаја огромна популарност во баровите, такси колите и јавните места.

фретидјафро остави порака на есаи форумот, кој е раководен од Интернационалната асоцијација на етиопските студенти:

Многу е тешко да се дознае дали затворањето на Теди е мотивирано од политиката или е законски процес. Теди е симбол на етиопската нова и идна генерација. Тој е мост за минатото, сегашноста и иднината. Тој е идол на младата генерација. Мора да го донесеме Теди на светлина пред да исчезне засекогаш.

есаи коментаторот Етиопија вели дека тој е убеден дека Афро е невин и се плаши за неговата шанса за фер судење:

Не верувам дека Теди е нехуман за да остави мртво дете да лежи на земја и глупав за да остане во земјата две години.

Семјуел Гебру испрати порака за внимателност, повикувајќи ги луѓето да не го политизираат случајот на Афро во Етиопија: Затворањето на Теди Афро:

Некои Етиопјани од странство се обидоа да го нагласат неговиот притвор, побарувајќи кауција, додека владата се обидува да поднесе понуда за молк за познатиот пејач…  има уште многу пред да се донесе пресуда, затоа што и да се збори настрана се чисти шпекулации. Меѓутоа, политизирањето на овој притвор не е само неточен туку и неповолен за нашата политичка клима која е во развој.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.