Аргентина: Земја на доселеници и иселеници
Во Аргентина постои една изрека која гласи : “ Мексиканците водат потекло од Ацтеките, Перуанците од Инките, а Аргентинците од чамците .” Аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес велеше дека “Аргентинците се Европејци кои се родени во прогонство.”
Денес, Аргентина е земја изградена од страна на доселеници, главно Европејци кои избегале од војна и глад во првата половина на 20-от век. Тие заминале од Шпанија, Италија, Франција, Велс, Германија, Русија, Полска и изградиле домови во богата и огромна земја полна со можности. Резултат на ова доселеништво беше заедница која копнееше по татковината која ја остави зад себе и која не делеше заедничка традиција.

Споменик на доселеник во Росарио, Аргентина. Фотографирана од Пабло Давид Флорес и искористена со дозвола од Creative Commons. http://www.flickr.com/photos/pablodavidflores/534949058/
Последните три децении од векот донесоа нови доселеници, овој пат, главно од соседните земји, но исто така и од Кореја, Јапонија, а подоцна и од Украина. Економските услови во земји како Перу, Боливија и Парагвај ги турнаа своите граѓани да бараат подобар начин на живот во земја која е слична на оние во регионот и која бргу се развиваше.
Во текот на 70-те години на 20-от век Аргентина беше управувана страна на воена хунта. Во тој период, многу интелектуалци и активисти беа принудени да бираат помеѓу прогонство и смрт. Тие заминаа, проширувајќи го културниот дофат кон Европа. Во новото столетие, по политичката и економската криза од 2001, многу млади луѓе го преполнија Езеиза, меѓународниот аеродром на Буенос Аирес, и кажаа збогум додека сонуваа за нов живот на друго место. Во кружно движење, Аргентинците заминаа за Европа, враќајќи се во првобитната татковина на нивните баби и дедовци.
Меѓутоа, враќањето во Европа не беше исто искуство за сите доселеници: бојата на нивната кожа, нивниот акцент, навиките и способноста да се прилагодат кон новата стварност се фактори кои ќе одлучат како тие ќе бидат прифатени во нова држава. Разликата помеѓу Аргентинците кои се прифатени во странство и Аргентинците кои ги прифаќаат оние од странство може да биде многу очигледна. Како што шпански коментатор на блогот Вагонетас пишува:
Los problemas de acceso a nuestro país de ciudadanos argentinos son mínimos, además es mal ejemplo, porque Argentina siempre ha caído y cae muy bien a todos los españoles (no lo digo porque otros no, pero siempre hay paises que caen mejor).
Од време на време, други латиноамерикански доселеници ги доживуваат подемите и падовите на животот во Аргентина. Блогот на групата Somos Paraguayos собира приказни од Парагвајците кои живеат во странство, а неговиот дел за придонеси од оние кои живеат во Аргентина отсликува носталгија за нивната татковина, приказни за тешкотиите при прилагодувањето, но и благодарност за можностите. На пример, Вилсон Жаке пишува: “Ти благодарам Аргентина ” и раскажува за иселувањето на неговото семејство каде тој ги завршил неговите студии, сега е во брак и очекува дете.
Хуан Пабло Менесес е чилеански новинар кој живее и работи во Буенос Аирес. На својот блог Cronicas Argentinas тој посвети низа статии за опишување на денешниот живот на доселениците во јужноамериканската земја. Тој пишува:
Están los descendientes de inmigrantes que vinieron hasta la Argentina en barco que, muchas veces, recuerdan con orgullo esa argentina hecha por sus abuelos. Están los argentinos que en los últimos años se han ido del país, y que aseguran estar felices del viaje y de la no-vuelta, y recomiendan a Ezeiza como la única salida. Están los inmigrantes de los países limítrofes, la próxima primera minoría argentina, quienes se fortalecen bajo la lluvia de críticas. Están los que aseguran que Argentina sí es un país generoso, y quienes se oponen terminantemente a esa afirmación. Están casi todos.
Има такви потомци од доселениците кои со гордост ја паметат Аргентина изградена од страна на нивните баби и дедовци. Има и такви кои во изминатите две години ја напуштиле земјата и кои изјавуваат дека се среќни и дека не се враќаат назад. Тие ја препорачуваат Езеиза како единствен излез. Има доселеници од соседните земји, првото малцинство во Аргентина кое станува посилно со огромниот број на критики. Од една страна, има такви кои уверуваат дека Аргентина е дарежлива земја, а од друга страна оние кои силно се противат на таа изјава. Ги има секакви.
Разновидноста на искуствата и потеклото на новите доселеници создава заплеткана реалност која е тешко да се разбере, особено во земја чија форма постојано се менува. Како што во денешно време преселувањето се зголемува, Аргентина ќе треба што побргу да се соочи со фактот дека таа била и сé уште е земја создадена од луѓе кои сакале да создадат дом во нова земја. Разбирањето на различните искуства на доселениците ќе помогне да се создаде нација сплотена и збогатена со културната разноликост.
Категории

Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!