Грижата за животните вклучена во наставната програма во училиште во Сингапур

Добри вести за љубителите на животните. Сингапурското Министерство за образование потврди дека грижата за животните ќе биде вклучена во наставната програма на новото ‘Карактерно и граѓанско образование’ за учениците од основно и средно образование.

Општеството за превенција на суровост кон животните го поздрави вклучувањето на грижата за животните во наставната програма:

Не можеме доволно да ја истакнеме важноста од овие промени во наставната програма и во издигнувањето на новата генерација на млади момчиња и девојчиња да бидат угледни, одговорни граѓани, и да живеат живот со добрина, имајќи сочувство за животните и за луѓето. Ова е напредокот на кој се надевавме!

A rabbit grooming workshop conducted by the Society for the Prevention of Cruelty to Animals

Работилница за чешлање на зајаци спроведена од Општеството за превенција на суровост кон животните

Кван Џин Јао, пишувајќи за Breakfast Network, ја препознава важноста од учењето за грижата за животните во училиштата:

Ужасни случаи на злоупотреба на животни, суровст и напуштање во Сингапур, иако анегдотски, ја сигнализираат потребата да имаме поголема почит кон животните – и најдобро е да почнеме од мали.

Сепак, учењето да се биде добар кон животните може да изгради чувство за одговорност, бидејќи младото дете постанува повеќе сочувствително бидејќи тој или таа изразува грижа за другите. Сочувствувањето може да се негува, како што тие учат да се однесуваат и да коегзистираат со тоа

На Фејсбук, Рене Сер објаснува како оваа реформа ќе биде корисна за општеството:

Ова се одлични вести. Освен академскиот напредок, ги поттикнуваме нашите млади да учат и да ги почитуваат сите живи нешта, бидејќи светот не е само за луѓето, и еко системот е составен од многу растенија и животни, и чекорот кон сакање на животните, е чекор кон сакање на Земјата. Гледајќи ја поголемата слика, ова е дефинитивно корисно за општеството и нашиот еко систем.

Алисиа Линч ги споделува добрите вести со нејзината ќерка:

Мојата 12 годишна ќерка ќе биде среќна да го чуе тоа бидејќи таа ми кажуваше дека грижата за животните треба да биде вклучена во наставната програма на сите училишта за децата да растат почитувајќи ги животните.

Zeus IsCute смета дека родителите исто така треба да бидат едуцирани за грижата за животните:

Искрено, не знам како децата ќе научат доколку родителите се оние на кои им е потребно едуцирање.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.