Силувани? „Земете пари и замолчете!“ вели индиската полиција

Полицијата од главниот град Делхи на таткото чие пет годишно дете беше жртва на киднапирање и силување му понудила $38 за да го заборави бруталниот напад, предизвикувајќи бес кај граѓаните од Индија која како земја секојдневно се бори со зголемувањето на случаи на насилства.

Пет годишното дете било брутално силувано во делот Ганди Нагар во Делхи, насилството траело четири дена, наводно од страна на нејзиниот сосед. Девојчето било пријавено како исчезнато на 14ти април, а расчистувањето на случајот се случи на 19ти април, 2013 година.

Според извештаите во вестите на регионалниот јазик, членовите на фамилијата на исчезнатото девојче сами го барале еден ден, додека, инцидентно и обвинетиот сосед се преправал дека им помага во потрагата. Затоа што не успеале да најдат никакви докази тој ден, тие регистрирале случај на исчезната личност во локалната полициска станица на 15ти април, 2013.

Кога потрагата веќе била четврти ден во тек, таткото на исчезнатото девојче слушнал глас кој доаѓал од соба на спратот под него. Како резултат на тоа, полицијата била повикана, која по своето пристигање ја скршиле бравата. Девојчето било најдено во непристојна положба, а обвинетиот успеал да побегне.

Delhi lawyers protest for justice for the 23 year old student who was gang raped in New Delhi. Image by Louis Dowse. Copyright Demotix (3/1/2013)

Правници од Делхи протестираат за правда за 23-годишиот студент кој беше силуван од страна на банда во Њу Делхи. Фотографијата е на Луис Доусе. Авторски права Demotix (3/1/2013)

Деталите од силувањето, како и тие од силувањето во декември 2012 во Делхи од страна на банда (тука може да се најде известувањето од Global Voices), се страшни. Медицинските истражувања потврдија дека девојчето било сексуално нападнато – пластично шише од масло и свеќа биле најдени во стомакот на девојчето.

Како и да е, проблемите за фамилијата на девојчето не завршиле таму – следува апатија од страна на полицијата и владата.

Изјавите укажуваат на тоа дека таткото на девојчето бил обесхрабрен од поднесување на тужба, и му биле понудени 2000 индиски рупии (еквивалентни на 38 американски долари) како цена за да не излезе пред јавноста.

Тежината на инцидентот и одговорот од страна на полицијата и владата предизвика бес кај многумина.

Сударта Сенгупта на Кафила го изразува овој бес:

Дали не треба полицискиот комесар од Делхи да биде принуден да поднесе оставка, за неговиот огромен неуспех во однос на справувањето со сексизам и за неуспехот да се обрати на презирот на народот, што е јасно дека е веќе ендемично за полицијата на Делхи?

Дали можеме да ја поднесеме оваа дневна рутина на навреди? Уште колку долго може да трае ова?

Вишал Дадлани (@V1SH4L) музичар од Индија на 19ти април на својот Твитер профил сподели:

@V1SH4L: Во што прераснува Индија? Полицијата сега нуди пари за да ги замолчи родителите чија мала ќерка беше силувана?! Овие полицајци треба да бидат обесени!

Притиш Нанди (‏@PritishNandy), новинар од Индија коментираше на добро документираните случаи на корупција во индиската полиција велејќи го следното:

@PritishNandy: Се сеќавате на познатите зборови на Џастис Мула: Не постои криминална сила во Индија која може да се спореди со криминалот кој го врши индиската полиција.

Во друг негов твит, тој потсети на континуираниот незаинтересиран однос на индиската администрација:

@PritishNandy: Мамта Шарма, претседател на националната комисија на жените, вели дека ќе оди да го види малото девојче утре, затоа што денес е празник.

Твитер корисникот од Делхи (@cyclingsultan) кој себеси се опишува како ‘Хипи-муслиман, сапиосексуалец, велосипедист и Сибарит’ го споделува својот шокантен аспект поврзан со оваа приказна:

@cyclingsultan: Полицијата од Делхи на роднините на жртвата им рече: ‘Ни рекоа дека треба да бидеме среќни, девојката е пронајдена, и да се молиме за нејзиното оздравување’.

Ритупарна Чатерјее (@MasalaBai), уредник на забавна програма, го искажа својето разочарување за таквото однесување:

@MasalaBai: Кому да се обратиш кога полицијата ќе ти рече „биди благодарен што таа (силуваното девојче) е пронајдено живо“. Кое е вашето прибежиште како немоќен граѓанин?

Како дополнителна навреда на повредата, девојчето беше лечено во лошо-опремена болница и беше преместено во посоодветна болница само откако беше извршен голем јавен притисок и протести. Пет-годишното девојче е наводно во многу критична состојба.

Жени реагираа бурно на одвратната природа на физичката штета која и била нанесена на девојчето.

Р шеик Бавазир (@Lucifer_sam666), архитект, наставник и фотограф напиша:

@Lucifer_sam666: Убијте го копилето, само болен човек може да внесе 200 милилитарско шише во пет годишно дете, немам повеќе солзи.

За тоа време, Арунодај Мукарји (@ArunodayM), новинар од Индија, сподели некои изненадувачки податоци за порастот на случаи на силување во Индија:

@ArunodayM: Делхи 2011: 572 случаи на силување. 2012: Случаите на силување пораснаа на 706 и тие на злоставување на 727. Се плашам од крајот на 2013 #Delhirape

Инцидентно, по случајот на силување од страна на банда, индиската влада направи амандмани на постоечкиот закон за силување, и премина на една посилна верзија.

Земајќи го ова предвид, Твитер корисникот Капил (@kapsology) напиша:

@kapsology: Anti-rape law ka achaar daal lo jab police hi aisi hai toh

@kapsology: Од каква корист е закон против силување кога однесувањето на полицијата е неверодостојно?

Постојан прилив на вчудовиденост се изразува на социјалните медиуми против индиската полиција и апатијата на владата откако инцидентот стана познат за јавноста.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.