Пангеа ден: На 10 мај видеа за промена на светот

Лого на Панџеа денНа 10 мај 2008 година во 18:00 ГМТ, ќе бидат емитувани 24 филмови за време на 4 часовен настан. Она што го прави поинаков овој настан е тоа што Пангеа денот ќе емитува од шест различни локации низ светот, на седум различни јазици и ќе биде видлив преку интернет, телевизија, мобилни телефони со една единствена цел: да се запознаеме со животите на другите и да се фокусираме на сличните работи, наместо на различните работите, кои ќе ни овозможат да работиме заедно за постигнување мир. Иницијативата дојде од желбата на египетскиот креатор на филмови Џехан Нојаим. Како победник на ТЕД и беше доделена награда за желба со вредност од 100 000$. Пангеа денот е нејзината желба, за промена на светот и создавање на ден кога сите луѓе од светот ќе се здружат преку филм. Нејзиниот говор од 2006 година кога ја прими наградата може да го погледнете тука.

Бидејќи Пангеа денот е за приближување на луѓето, беше испратена покана до публиката да ги постави своите видеа на видео каналот на Пангеа денот, каде може да се погледнат 1037 видеа кои се поставени како одговор на оваа покана.

Како пример, едно од поставените видеа е за студент по уметност од Танзанија, кој ја раскажува својата приказна за својот секојдневен живот и како тој сака да подучува деца бездомници за уметност. Следува приказната за Чадо од џејмссефонброун:

Логистиката на Пангеа денот предизвикува стравопочит: од Каиро, Кигали, Линдон, Лос Анџелес, Мумбаи и Рио де Женеиро, филмови, музика во живо и спикери ќе се здружат за да го инспирираат целиот свет. Филмовите беа избрани од повеќе од 25 000 филмови од преку 100 земји. Сите овие филмови споделуваат неколку карактеристики, како нивната можност да инспирираат, трансформираат и овозможуваат да го доживееме животот низ туѓи очи. Кралицата Нор од Јордан ќе биде еден од говорниците заедно со музичарот и активист Боб Гелдорф, Кристијан Аманпор од СНН и иранската рок група Хипернова. Додека на овие места луѓето ќе се зближуваат, насекаде низ светот групи од луѓе можат да се најават и да покажат дека и тие ќе бидат приклучени: може да присуствувате на отворен настан во вашиот град или дури и да организирате свој.

Меѓутоа, Пангеа денот не е само да се биде заедно за тие 4 часа. Идејата на овој настан е да се инспирираат луѓето да зборуваат за и да прават промени. Исто така им овозможува на другите да учествуваат не само како гледачи. Преку Нокиа, партнерот на организацијата, на неколку амбициозни креатори на филмови од различни локации низ светот им беа дадени мобилни телефони кои поддржуваат снимање на видео, со цел да ги снимат своите приказни. Исто така луѓето можат да постават свое видео за да го освојат мобилниот телефон Нокиа Н95 8ГБ. Ова партнерство ни претстави бегалец од Мианмар во Индија кој снима детска смеа, Иранска фамилија која живее во камп за бегалци во Авганистан кои ја имаат снимено својата идеја за надеж и Индиец во Бангалор кој го снимил сечењето на дрвата во Банјан… и деца кои садат нови дрва. Може да ги погледнете овие и други на оваа страница.

Има многу различни начини на кои може да учествувате. Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од овој настан и запознајте ги и другите за настанот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.