Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Венецуела: Бразилска музика на венецуелски веб 2.0

Културниот однос помеѓу Бразил и Венецуела често се гледа според начинот на прославувањето на карневалот и во огромната гледаност на бразилските сапуници која во Венецуела трае со години. Но денес, во времето на Интернетот, свесни сме за други манифестации кои покажуваат длабока и голема почит кон бразилската култура преку нејзината музика. Со помош на блогови, Мајспејс, Јутјуб, венецуелските групи ги споделуваат своите аранжмани и обработки на бразилската музика.

Еден од Венецуелците кој онлајн ја споделува својата љубов кон бразилската музика е Петруско (инженер, блогер, музичар и свирач на ударни инструменти).

На неговиот блог Петрускозас тој ги споделува фотографиите од неговите концерти и неговите мислења за бразилската музика и венецуелскиот живот:

Luego de estar algunos años sambando sabroso por estas calles y locales así como también grabando junto con hermanos músicos verdaderos, bellas personas, talentosos, profesores, estudiantes y hasta familiares, me gustaría pensar que puedo ayudar un poco a entender y tocar esa clave “tramposa” que usan los brasileros en el samba la cual, por tendencia natural, “criollizamos” sin querer.

По неколку години танцување самба низ улиците и собиралиштата, како и снимање музика со блиски и вистински музичари, убави и талентирани луѓе, професори, студенти, па дури и со семејството, сакам да мислам дека можам малку да им помогнам на другите да го разберат и свират тој „разигран“ тоналитет кој Бразилците го употребуваат при свирењето самб, на кој и ние со вистинска склоност, случајно се „приспособивме на локалната атмосфера..“

И во неговиот напис Каракас, Кариока тој ги меша стиловите, сликите и јазиците:

Yo imagino Río como mi propia ciudad

pero multiplicada 100 veces, una enormidad

con muchas calles oscuras como si fueran de noche

y otras que parecen pleno día de tan iluminadas

en el aire flotando un olor a ciudad obstinada

y el asfalto pulsando a ritmo de batucada

o salsa brava

Eu imagino Rio como a minha cidade

mas multiplicada cem vezes, uma enormidade

com muitas ruas obscuras como si fosse a noite

e outras que parecem meio dia de tão iluminadas

no ar frota um olor a cidade obstinada

y o asfalto pulsando ao ritmo de batucada

Ou de salsa brava

Con sabor a cachaça como aquí Ron

un gol como un jonrón

y la playa siempre anhelada entre tanto concreto

me imagino Rio como esto que vivo pero batiendo en samba

y más inimaginable de lo que creo

como mis calles de Caracas me son más cotidianas

de lo que pienso

Com sabor a cachaça como aqui Ron

um gol como um jonrón

e a praia sempre ansiada entre tanto concreto

eu imagino Rio como isto que eu vivo pero batendo em samba

e mais inimaginável de o que eu acho

como as minhas ruas de Caracas são mais cotidianas

de o que eu penso

Го замислувам Рио како мој град

но, помножен 100 пати, како нешто огромно

со многу мрачни улици како да е ноќ

а други кои изгледаат како пространа светлина бидејќи се толку блескави

додека во воздухот се разлева мирисот на тврдоглавиот град

а асфалтот пулсира во ритамот на батукада

или салса брава

Со вкусот на cachaça како што се чувствува овде румот

гол како хом-ран

и секогаш копнеејќи за плажа среде толку многу бетон

Го замислувам Рио слично на местото во кое живеам,но во ритамот на самба

и уште пoневеројатен од она што јас го замислувам

како што моите улици во Каракас се поблиски за мене

отколку што јас мислам

Освен тоа, преку неговиот Јутјуб канал тој споделува видea oд концерти со својот бенд Пиментеира Бразил:

На истиот тој канал, тој објавува видеа со други венецуелски бендови кои свират бразилска музика:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.