Египет: Уставни измени

Овој пост е дел од нашата специјална репортажа за протестите во Египет 2011.

Во саботата, на 19 март, околу еден месец по падот на Хосни Мубарак, Египќаните излегоа на избори да го дадат својот глас за уставни промени. Референдумот е за група одредби од Уставот коишто дискутираат околу претседателството и парламентарните избори и барањата за кандидати.

Dostor2011: We Voted

Шеди Шахин и неговите пријатели ги покажуваат нивните розови прсти како доказ дека гласале

Египетскиот блогер, Raafatology, напиша за првиот референдум за којшто сведочи неговата генерација, без да ги знае резултатите однапред:

За првпат по многу години, Египќаните ќе гласаат за нешто за коешто не ги знаат резултатите однапред. Ние сме навикнати големото мнозинство гласови да го добива Националната демократска партија (НДП). Во 80-тите години на 20-от век нивното мнозинство изнесуваше 99,9%, со мало намалување во 90-тите на 98%, но во последната декада се намали на 82%!
Ова ќе бидат први избори во мојата генерација во коишто името Мубарак нема да биде напишано никаде!

Во текот на двете недели коишто му претходеа на референдумот, беа одржани дебати насекаде во Египет во врска со прашањето за измените, дали тие треба да се прифатат или не. Одредени луѓе сметаа дека некои од измените се доста збунувачки, додека другите ги отфрлаа истите. Поединци пак сметаа дека и покрај недоразбирањата во одредбите, треба да го дадат своето „да“ за да го забрзаат изборниот процес за да се одржат парламентарните избори пред септември, веднаш по одржувањето на претседателските избори . На тој начин би се постигнала политичка и економска стабилност што е можно поскоро. Сепак, некои од луѓето сметаа дека ова е најдобра шанса да се напише нов Устав и се плашеа дека предвремените избори можат да завршат само со формирање на парламент од двете подготвени политички сили во Египет, Муслиманското братство и Националната демократска партија (НДП) на Мубарак. Додека пак некои поединци одлучија да гласаат за измените бидејќи се плашеа дека доколку дојде до какви било одложувања Армијата ќе ја заузди државата и ќе остане на тронот засекогаш.
Ала Абдел Фатах напиша за поделбата на револтот во врска со референдумот:

أول مرة منذ بداية الثورة نلاقي نفسنا في خلاف حقيقي وسط جمهور و قوى الثورة. من 25 يناير الى يوم التنحي كنا متفقين كلنا بملايينا على الأهداف و الوسائل، بعد سقوط مبارك انتقلنا لمرحلة متفقين فيها على الاهداف لكن مختلفين على الوسائل (استمرار الاعتصام في التحرير أم لا). بعد سقوط شفيق و تلقي أمن الدولة ضربات موجعة مستمر اتفاقنا على الأهداف الكبيرة لكن دخلنا و لأول مرة في منطقة خلافية بحق، و لأول مرة تنقسم صفوفنا.
الانقسام ده معبر عنه في جدل التعديلات الدستورية و هل نصوت بنعم أم لا

За првпат откако започна Египетската револуција немаме видено слична поделба на револти. Од 25 јануари и падот на Мубарак, милиони од нас се сложија на заеднички цели и тактики. По падот на Мубарак поминавме во нова фаза и се сложивме кои цели треба да ги оствариме, но сепак проблемот е начинот на кој треба да ги исполниме нашите цели (некои од нас го преферираа седиштето на плоштадот Рахрир, додека некои сакаа да го сменат). По падот на премиерот Ахмед Шафик и државната безбедност, нашата држава за првпат доживеа значајна поделба. Оваа поделба може јасно да се види во нашата дебата имајќи предвид дека ние треба да гласаме за и против поделбата.

Истовремено, се одржуваше и дебата далеку од „блогосферата“, во којашто понекогаш се користат и валкани тактики.

Беа направени низа рекламни видеа во коишто уставните измени беа претставени како само една обична измама. Во една или пак во две од рекламите, уставните измени беа претставени како безвреден производ кој му се продава на народот. Во други реклами пак, имаше несоодветна споредба и поигрување со девственоста. Фатма Емам напиша за една таква реклама:

Мојот пријател Doaa Abd elAal ми испрати видео од измените на Уставот, којашто е една од топ темите во Египет. Опозицијата измените ги нарече обид повторно да се изгради Уставот, меѓутоа најинтересен беше терминот којшто опозицијата го употреби. Тие го употребија арапскиот термин „Terqee“, што значи „враќање на невиноста“.
Истото беше визуелизирано. Во видеото се појавува жена којашто не соодветствува со законите кои владеат во Египет и коишто ги почитуваат луѓето години наназад. Всушност жената не одговара на „египетскиот конзервативен стандард“ бидејќи во видеото е претставена како блудница којашто вкусува секс пред брак. Во продолжение се прикажуваат невина невеста и младоженец, а видеото завршува со пораката „Вие го заслужувате најдоброто“.
Сексуалноста во рекламата воопшто не е важна. Рекламата ја користи женската сексуалност и им суди на жените за изборот којшто тие го направиле бидејќи општеството не го одобрува изборот на таквите жени „достојни за почит“.

Дел од исламистите беа одлучни да гласаат „за“ измените имајќи ги предвид рекламите и ги убедуваа верниците да го направат истото. Некои од религиозните факти изнесени на дебатите и воопшто не биле точни, но сепак биле користени како оружје против оние кои биле против измените. Исто така беше објавена и печатена верзија во весниците со која тие му апелираат на народот дека Исламот мора да гласа „за“ измените. Од друга страна, се смета дека и христијаните вршеле притисок врз своите верници. Хенд Салам пишува за искористувањето на религијата:

На референдумот кој се одржа во саботата, најкритикуван беше потегот на религиозните групи коишто ги убедуваа нивните следбеници да гласаат „за“ уставните измени врз основа на нивната вера. Муслиманското братство(МБ) делеше флаери во кои ги бодреше луѓето од муслиманската вероисповед да гласаат за измените, додека пак салафистичките исламисти им порачаа на нивните следбеници дека доколку не гласаат „за“ измените, членот 2 од Уставот ќе биде откажан. Членот 3 гласи дека Исламот е нивна државна религија и дека главниот извор на Уставот се принципите на Исламистичкото право „Sharia“.
За разлика од нив, голем дел од Коптите (потомците на хамиските Египќани) изразија бунт против уставните измени бидејќи тие сакаат целосно нов Устав, со објаснување дека тие не се чувствуваат како рамноправни граѓани под тековниот Устав.

Исламската анти-христијанска опсерваторија ги групираше луѓето кои се „за“ и „против“ уставните измени според нивното мислење на следниот начин:

إن الناظر في الساحة المصرية اليوم فيما يتعلق بالتعديلات الدستورية يستطيع أن يبلور الاتجاهات الفكرية والسياسية في خطين عريضين ينضوي تحت كل منهما أطياف عديدة
تجمعهم قواسم مشتركة وإن اختلفوا في كثير من مشاربهم ومناهجهم .
الخط الأول: يجمع شتات الإسلاميين وأبرزهم السلفيون والإخوان المسلمون والذين يدعون إلى الموافقة على التعديلات الدستورية.
الخط الثاني: يندرج تحته في المقام الأول النصارى تقودهم الكنيسة الأرثوذوكسية و أقباط المهجر, ثم الأحزاب الكرتونية التي كانت جزءا من النظام القديم , وأتباع البرادعي وهؤلاء يجمعون ثلة من الليبراليين والعلمانيين والمغيبين وبعض “المثقفين” و يرفضون جميعا التعديلات الجديدة.
Ако за миг погледнеме малку во египетското општество можеме да забележиме две групи од кои секоја има заземено став во дебатите коишто се одржуваат во врска со референдумот. Секоја од нив има свои карактеристики, па дури и нивните компоненти имаат различни идеологии и стратегии.
Во првата група спаѓаат сите исламистички движења вклучително со салафистичките движења, Муслиманското братство и сите подржувачи на Уставните измени.
Во втората група спаѓаат: христијаните, предводени од Православната црква и христијанитe во егзил, политичките партии кои биле дел од претходниот режим, Ел Барадеи заедно со либералите, секуларистите и интелектуалците коишто биле против секакви измени во Уставот.

Резултатите од референдумот беа неизвесни се до денот на нивното објавување, беше многу тешко да се предвиди точниот процент на гласачите и нивната одлука. На друштвените мрежи Твитер и Фејсбук бројот на луѓето поддржувачи на двете групи („за“ и „против“) беше скоро идентична. Луѓето ја изразија нивната поддршка така што поставија црвено или зелено лого на нивните профил слики (црвено лого поставија противниците на измените, а зелено лого поддржувачите). Според процените на профил сликите, поддржувачите на измените биле помногубројни. Многу значајни личности како Ел Барадеи, Амр Муса, Ваел Гоним (администраторот на Фејсбук страната „Сите ние сме“ Khaled Saееd‘) и многу други писатели и артисти се изјаснија против уставните измени. Урсула Линдзи нè информираше за резултатите од анкетата која беше поставена на Фејсбук страната „Сите Ние Сме Khaled Saееd“:

Фејсбук страната „Сите Ние Сме Khaled Saееd“ спроведе една анкета со 18.000 учесници (ми се допаѓа фактот што можеме да спроведеме анкета без оглед на непрофесионалноста), а резултатите беа следните: 49% против, 36% за, 13% сè уште не одлучиле, 2% нема да гласаат.

Dostor2011: Heebzo Pink Finger

Набргу по инвазијата со логоата (за и против референдумот) коишто ги преплавија профилите, истите беа заменети со ново лого веднаш по референдумот (прсти потопени во розово мастило)

Како и да е, иако јавно не се зборуваше за тоа, беше јасно дека мнозинството од гласачите ќе ги прифати измените. Дојде денот на референдумот, а подоцна и резултатите коишто следат во продолжение. Се покажа очекуваното, голема победа на поддржувачите на измените во Уставот:

  • Референдумот се одржа во 43.059 комитети
  • Право на гласање имаа 45 милиони
  • 18.537,000, или 41.19% излегоа на гласање
  • 18.366,000 валидни гласови
  • 171.000 гласови беа поништени
  • 14.192,000 или 77.2% се изјаснија за измените на Уставот
  • 4.174,000 или 21.8% се изјаснија против измените на Уставот

Еве ги резултатите од гласањето по општини. Во Каиро и Александрија имаше најголем одзив на гласачите, додека во Јужен Синаи одзивот беше најслаб.

Огромната разлика помеѓу резултатите од референдумот и шпекулациите коишто се појавија на онлајн-сцената ги натера луѓето да се замислат за вистинскиот ефект на Интернетот и друштвените медиуми врз луѓето.

Sandmonkey го искажа неговото мислење за разликата на референдумот. Еве едно мало резиме од неговиот блог:

  1. Колкав број Египќани им се приклучија на протестите кога тие кулминираа? Денот кога Мубарак отстапи од службата, беше направена процена од 10-20 милиони луѓе кои ги подржуваа истите. Што се 20 милиони луѓе од 85 милиони? 25%? Дали тоа значи дека останатите 65 милиони не им се приклучија на протестите од почетокот и на коишто најверојатно им недостига стабилноста и безбедноста од стариот режим. 75% од луѓето гласаат „за“ и нема никаков доказ дека тие го промениле нивното мислење или однесување. А секогаш постојат и такви коишто го даваат својот глас без никаква посебна причина…
  2. КАИРО НЕ Е ЕГИПЕТ. Стоп на кампањата Каиро е центар на шовинизмот во универзумот. 25 милиони живеат во Каиро, а другите 60 милиони во другите делови на Египет. И ајде да бидеме искрени, луѓето коишто беа против измените не се потрудија нивната порака да стигне и да влијае на луѓето и нивното мислење. Немаше вистински ТВ кампањи или пак реални дебати…
  3. Војската и Муслиманското братство и Салафистите и Националната демократска партија (НДП) вршеа притисок да се гласа ЗА измените. Војската, како и секогаш, само сакаше да излезе од хаосот што е можно побргу, а гласот „ЗА“ за нив не значеше ништо повеќе од спас од справување со нереди и дополнителни главоболки…
  4. Тие повеќе не ги претставуваат луѓето. Навистина е така, особено кога нивните интереси се во прашање. Нивните и нашите грижи повеќе не се исти. Вие се грижите за револуцијата, за апсењата на пратениците на НДП и за враќање на државата во вистинската насока. Додека пак другите се грижат само за економската безбедност, враќање на стабилноста на најбрз можен начин…

Zeinobia пак го изразува својот гнев и ги напаѓа сите оние коишто ги навредуваат луѓето кои гласаа ЗА измените. Тие ги навредуваа тврдејќи дека Муслиманското братство и Салафистите им го испрале мозокот или пак биле против револуцијата уште од почетокот:

Слушнав некои луѓе дека 22% од оние коишто биле во Ал Тахрир гласале ЗА! Тоа е навредливо и неприфатливо, кој и да го кажал тоа треба да им се извини на веднаш на Египќаните. Религијата и револуцијата се користат во лош контекст. Политичката елита од „НЕ“ тимот ги напаѓа гласачите коишто го дадоа својот глас ЗА измените, велејќи им дека се наивни и неуки. Сепак, сите луѓе не се исти. Секако дека сите луѓе не се под влијание на Муслиманското братство или пак Салафистите. Не треба да ја потценувате нивната волја за стабилност и да им се потсмевате.

И за крај, Lastodri напиша дека гласањето во таква демократска атмосфера ја направило горда Египќанка.

Денеска гласам по вторпат, но првпат во демократска атмосфера. И затоа, денеска сум среќна и горда бидејќи јас сум Египќанка.

Додека пак, Zeinobia на сево ова додаде дека и после референдумот револуцијата сè уште не е завршена:

Револуцијата не завршува со повлекувањето на Мубарак или пак со полу-падот на неговиот режим. Се плашам дека револуцијата нема да заврши со уставните измени. Таа ќе заврши кога ќе бидат постигнати нејзините цели, а вистинските цели на оваа мачна револуција се да го направи Египет подобро место за живеење.

Овој пост е дел од нашата специјална репортажа за протетсите во Египет 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.