Уругвај: Интернационалниот суд пресуди за конфликтот со Аргентина околу фабриката за хартија

На  20 март 2010 година, Меѓународниот суд за правдата во Хаг ја изрече својата пресуда за случајот против Уругвај за прекршокот што го водеше Аргентина во врска со споделената река Рио Уругвај. Хаг пресуди дека Уругвај го прекршил договорот со тоа што не се консултирал со Аргентина пред да дозволи да се изгради фабрика, но судот не предвиде фабриката да биде затворена или преместена, затоа што Аргентина не презентираше значителни докази дека фабриката ја загадува заедничката река.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Фотографија поставено од корисникот на Фликр Алкан Чаглар која се користи под Криејтив комонс лиценца.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Фотографија поставено од корисникот на Фликр Алкан Чаглар која се користи под Криејтив комонс лиценца.

Уругвајците и Аргентинците ја проследија пресудата со внимание, чекајќи да ги чујат и прочитаат резултатите од конфликтот што го влошуваше односите помеѓу Уругвајците и Аргентинците со години.

Уругвајските блогери коментираа за пресудата и ја анализираа од нивна посебна перспектива. Уругвајскиот блог Las Cosas de Nestor [шпански] ја анализира пресудата од Хаг, ставајќи ја во подостапни термини. Пиа Лопез [шпански] прокоментира на овој пост велејќи:

Lo que hay que rescatar de este asunto es que NO se puede continuar con esta falta de colaboración (mutua), y que como uruguaya me sentiría más que orgullosa si Argentina acepta mejorar las medidas de control y monitoreo pero CONJUNTAMENTE con Uruguay.

Тоа што нам ни е потребно да произлезе од овој проблем, е тоа што не е возможно да продолжи без недостиг од меѓусебна соработка, како и тоа дека како Уругваец ќе се чувствувам повеќе од горд ако Аргентина прифати подобрување на контролата и надзорните мерки, но ЗАЕДНО со Уругвај.

Еден ден по пресудата од Хаг, истиот блог прикачи уште еден пост, наречен „Денот потоа“ [шпански] каде што различните реакции за пресудата се напишани, вклучувајќи го и нивното мислење:

Y nosotros, los comentaristas del blog, quedamos en algún caso con huevo en la cara (yo, por haber predicho que Uruguay no violó el Estatuto), otros indignados, otros resignados, pero espero que todos convencidos de que es una nueva ocasión de empezar a acercar a nuestros dos países.

И ние, коментаторите на овој блог, сме оставено на некој начин со јајце на лицето (јас лично, бидејќи реков дека Уругвај не го прекршил договорот) други навредени, трети ги исклучуваат фатите, но со надеж дека сите од нас се убедени дека ова е шанса да се започне зближување на нашите две земји.

Некои Уругвајци гледаат на пресудата како победа. Блогот Noticias Para Uruguayos Por El Mundo [шпански] (Вести за Уругвајците насекаде низ светот) го наслови својот информативен пост, „Победивме во Хаг“

Уругвајскиот новинар и блогер Антонио Алварез [шпански] напиша статија на неговиот блог, каде што известуваше за реакциите за случајот во Хаг и воопшто во врска со случајот во целост. Веста е насловена како “Fray Bentos no cree en lágrimas” (Фрај Бентос не верува во солзи). Тој известува од Фрај Бентос, уругвајскиот град каде што се наоѓа фабриката.

Алварез вели дека во три години, повеќе од 40 нови бизниси се создадени благодарение на фабриката, тој исто така наведува дека како последица на фабриката, Фрај Бентос сега има повеќе ресторани, банки, подобри училишта (некои двојазични) и супермаркети.

Le pregunto a Leticia, una joven madre que está con su hijo en el acto si no es significativo este aire solemne a 24 horas del fallo.

“Aquí nadie da bolilla a lo que pase en La Haya. ¿Qué nos pueden decir a nosotros unos señores que usan peluquines y están a 20.000 kilómetros de acá? La verdad, nada”.

En Fray Bentos, Botnia quiere decir solución, una salida económica, algo en lo que ya ni se piensa porque está incorporado al paisaje y a la vida

Ја прашувам Летиција, млада мајка со нејзиниот син за време на настанот (на 19 април, прославувајќи важен уругвајски празник) ако е воопшто важно дека постоеше оваа свечена атмосфера 24 часа пред пресудата.

„Овде никој не се грижи што се случува во Хаг. Што можат мажи со перики кои живеат 20 000 километри од тука да ни кажат? Ништо, всушност.“

Во Фрај Бентос, (фабриката за хартија) Botnia значи решение, економски излез, нешто за што луѓето веќе не ни размислуваат бидејќи се вклопува во пределот и нивните животи.

Тој продолжува да известува за односто помеѓу Фрај Бентос и соседниот аргентински град Гуалегуачу:

Botnia dio mucho al producto bruto pero también desató fuertes costuras entre una y otra orilla.

Fray Bentos y Gualeguaychú son una misma etnia, una misma geografía, un paseo corto inevitable para los fines de semana.

Para Fray bentos, Gualeguaychú suponía los mismos bailes, una televisión compartida, una misma forma de hablar, de entender la vida al costado del río.

Sin embargo, esos árboles genealógicos fueron convertidos en celulosa, y sólidas amistades sólidas terminaron descompuestas por las supuestas amenazas del ácido sulfhídrico.

Ботниа, дава многу бруто производи, но исто така поврзува силни врски помеѓу едниот брег и другиот.

Фрај Бентос и Гуалегуачу се од една иста етничка припадност, иста географија, едно неизбежно викенд патување.

За Фрај Бентос, Гуалегуачу значи исти танци, иста телевизија, ист начин на говорење и разбирање на начинот на живот покрај реката.

Сепак, оние генеалошки стебла кои се претвораат во целулоза и цврсти пријателства завршија расипано поради претпоставените закани од сулфурна киселина.

Налепница залепена на термос (до традиционалниот пијалок Мате) гласи: “Група од Уругвајци кои живеат во Гуалегуачу велат: ДА за сојузот на братскиот народ“ Фотографија поставена на Фликрод  корисникот sebaperez која се користи под Криејтив комонс лиценца.

Налепница залепена на термос (до традиционалниот пијалок Мате) гласи: „Група од Уругвајци кои живеат во Гуалегуачу велат: ДА за сојузот на братскиот народ“ Фотографија поставена на Фликр од корисникот sebaperez која се користи под Криејтив комонс лиценца.

По оваа пресуда, Уругвај и Аргентина се сега едниствените стујарди за тоа што се случува околу конфликтот. Во отворено писмо до новинарите – на кое сите се поканети да се пријават – на блофот Vamos a Andar [шпански], Алехандро Вилаверде бара за обновување на рационалност, почитување и добрососедство помеѓу двете земји:

Se ha cerrado una etapa. El Tribunal ha marcado una guía a seguir, la de la racionalidad, la de la cooperación, la de la no agresión, la de la buena fe. Ha defendido el derecho de los países a aprovechar sus recursos naturales para desarrollarse, en la forma que entiendan conveniente, siempre que respeten los derechos de sus vecinos.

Една фаза е завршена. Меѓународниот суд постави патека која треба да се следи, патека за рационалност, за соработка, на не-агресија, за добра волја. Таа го бранеше правото на земјите да ги искористат нивните природни ресурси за напредок, на начин на кој тие го наоѓаат како погоден, имајќи превод да ги почитуваат правата на своите соседи.

Уругвајскиот претседател Жозе Мухика и аргентинскиот претседател Кристина Киршнер се согласија да се состанат за да разговараат за пресудата и за чекори кои треба да се следат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.