- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Аргентина: Интернационалниот суд пресуди за конфликтот со Уругвај околу фабриката за хартија

Категории: Латинска Америка, Аргентина, Уругвај, Граѓански медиуми, Животна средина, Политика

Меѓународниот суд за правда [1] во Хаг донесе одлука за конфликтот меѓу Аргентина и Уругвај [2] околу последната изградбата на големата фабрика за хартија, која е во сопственост на Финска, на реката Уругвај, споделена од страна на двете земји. Аргентина тврди дека уругвајското унилатерално овластување го прекршува договорот помеѓу земјите и дека таков ризичен потфат ја загадува реката. Судот изјави дека Аргентина не докажала дека фабриката ја загадува реката и поради тоа сепак ќе работи. Како и да е, судот исто така изјави и дека Уругвај исто така го прекршила договорот помеѓу двете земји и дека дозволила да се гради фабриката иако преговорите помеѓу земјите беа во тек.

Фотографија од фабриката за хартија направена од Gonzak и се користи под Криејтив комонс лиценца.

Фотографија од фабриката за хартија направена од Gonzak и се користи под Криејтив комонс лиценца.

На блогот Espacios Protegidos [шпански] [3] (Заштитени Простори) Валтер Рејмонд афирмира дека резултатот било најлошото можно сценарио кое се очекуваше за двете земји, бидејќи ги осудува на „казнување за постигнување на договор“. Рејмонд претпочита на потребата да се постигне договор за контрола на финската фабрика за хартија и за гаранција на идно почитување на договорите кои се однесуваат на реката Уругвај. Слична гледна точка беше презентирана и на Blog de Abel [шпански] [4], каде што тие исто така направија резиме на пресудата.

На Твитер, генерално, може да кажеме имаше многу изразувања на незадоволство во врска со пресудата. Додека судот смета дека Уругвај не го следел договорот, тие изјавија дека пресудата нема да има големи ефекти во практиката.

Твитер корисникот (@Ozzono) [5] се прашува:

Y para que existen estos tratados, si pueden ser incumplidos sin mayores consecuencias ?

Зашто ги имаме овие договори, ако тие можат да се игнорираат без сериозни последици?

Разтез Метаемигранте (@metaemigrante) [6] напиша:

no sabia que los tratados internacionales eran solo una sugerencia

Незнаев дека интернационалните договори се само сугестија

(@Labateq) [7] коментира за пресудата:

Во декларацијата на судот за оваа повреда формира задоволство – Превод: Шампиони на моралот

Од друга страна, Себастијан Гонзалез (@sebagon) [8] напиша:

Ahora seguro que tanto Argentinos como Uruguayos creen que #LaHaya les dio la razón 😀

Најверојатно, сега и Аргентина и Уругвај ќе веруваат дека La Haya пресуди во нивна корист 😀

Двете земји мораат да ја почитуваат пресудата. Во иднина, се очекува пресудата и обврската за договарање на заедничка рамка за употреба на реката Уругвај ќе спречат повторно појавување на овие ситуации. Иста така, сè уште треба да се реши што ќе се случи со мостот помеѓу Аргентина и Уругвај, кој се наоѓа во градот Гуалегуајчу [9], кој е блокиран веќе 3 години од аргентинските еколози. Тие рекоа дека нема да го прогласат штрајкот за завршен.