- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мексико: Земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе земјата

Категории: Латинска Америка, Мексико, Граѓански медиуми, Катастрофи, Најважни вести

На 20 март 2012, околу пладне јужните и централните делови од Мексико ги потресе [1] земјотрес. Земјотресот беше почувствуван поинтензивно во државите Оаксака, Гереро, Морелос и Мексико Сити. Според Мексиканската национална сеизмолошка служба [2] (@SimsologicoMx) земјотресот ги имал следниве карактеристики:

Земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала на 29 км јужно од Ометепек, во државата Гереро на 20 март 2012 во 12:02:50 Ширина: 16.42° Должина:  -98.36° Длабочина: 15 км

Земјотресот предизвика бран на вознемиреност во општеството навикнато на земјотреси, но не и на земјотрес со ваков интензитет. Во некои делови на Мексико Сити имаше жителите чекаа на улица за да можат да се вратат во нивните канцеларии. Поради прекини во снабдувањето со електричната енергија во некои области луѓето се свртија кон интернетот за да ги контактираат нивните блиски и да информираат за ситуацијата.

Јасмин Фајардо [3] (@jazminfajardo), на пример, објави:

Во Ла Кондеса [кварт во центарот на Мексико Сити] сите се надвор од зградите, има прашина и миризба на гас

Најели Ролдан [4] (@nayaroldan) изјави дека луѓето се засолниле на плоштадот Зокало (плоштадот кој е во срцето на Мексико Сити) во главниот град на Мексико:

Луѓето ги напуштаат зградите во близина на Зокало

Корисникот RankiaoRecordsHD го сподели на Јутјуб следново видео во врска со земјотресот:

http://www.youtube.com/watch?v=XXBJl5HbY38&feature=related [5]

Јулијана Ринкон, во еден пост за Глобал Војсис собра повеќе видео записи за земјотресот од други луѓе.

Во паника, ова беше објавено на Твитер профилот на Волмарт Мексико (@WalmartComMx):

Ова е тоа, направивме другите продавници да се стресат од нашите цени

Објавата беше избришана од страна на компанијата, но Гаво Ајала [6] (@gavowonka) сподели снимка од екранот каде може да се прочита твитот:

@WalmartComMx [7] ја избриша објавата, но еве ја снимката од екран  #tembor [8] #temblorDF [9] #temblorMexico [10] http://twitpic.com/8z1f55 [11]

Ова предизвика чувство на огорченост меѓу Твитер заедницата кои остро ја осудија употребата на хаштагот #OfertasWalmart [12].

Во државата Оаксака, во јужно Мексико, 25 општини пријавија штета [13], а во државата Гереро има 800 куќи [14] кои се разурнати. Во меѓувреме во Морелос една црква [15] била сериозно оштетена.

И покрај овие штети и некои прекини на електрична енергија во Мексико Сити, штетите од земјотресот беа многу помали од оние по ужасниот земјотрес на 19 септември 1985 [16], датум после кој беа направени значителни напори за да се подобри подготвеноста на земјата за ваков вид на настани. Се чини дека подготовките вродиле со плод затоа што во моментот на објавување на овој пост нема пријавено човечки жртви.

Малата слика е слика од екранот од видеото кое го искористивме во оваа објава.