- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Наградите „Најдобро од блоговите“ 2010: И победници се….

Категории: Западна Европа, Среден Исток и Западна Африка, Германија, Јордан, Мароко, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Идеи, Медиуми и новинарство, Слобода на говор, Технологија, Уметност и култура, Човекови права
На BOBs се реши!

Одлучени се победниците на BOBs!

Шестите по ред награди на Дојче Веле „Најдобро од блоговите [1]“ (BOBs) дојдоа до завршницата [2] и Глобал војсис заедницата прославува со победниците. Оваа година, голем број од блоговите креирани или потпомогнати од блогери од Глобал војсис беа номинирани (како што нагласи [3] Диего Касаес) и претставниците од Глобал војсис Амира Ал Хуасини [4] и Клер Улрих [5] беа дел од меѓународното жири.

Па кои се најдобрите блогови? Блогот за иновативни решенија при ангажирање надворешни соработници во кризни ситуации Ushahidi [6] (На кој работи Џулијана Ротиџ [7]) го зазеде највисокото место на годинешниот натпревар со наградата за најдобар блог од жирито, додека блогерот Осама Ромох [8] од Јордан ја зеде наградата за најдобар блог според мислењето на публиката.

Останатите главни награди [9] отидоа за:

Најдобар блог: Ushahidi [6] (од жирито), Осама Ромох [8] (од публиката)
Најдобар подкаст: Cajun French Language Tutorials Podcast [10] (од жирито), Radio Kalu [11](од публиката)
Најдобар видеоблог: Мистер Фриман – Mr. Free Man Best Videoblog [12] (од жирито), Malviviendo [13] (од публиката)
Награда за репортери без граници: We are Journalists [14] (од жирито), Холом Акхдар [15] (од публиката)
Blogwurst наградата: Blogs do Alem [16] и Wake Up Mr. Green [17] (од жирито), Ibda3at [18](од публиката)
Награда за специјана тема (климатските промени): Coluna Zero [19] (од жирито), Ecoplaneta [20](од публиката)

Жирито и гласачите исто така ги наградија и најдобрите блогови [9] на сите од единаесетте јазици, вклучувајќи го и новиот јазик додаден годинава:

Бенгалски: Ali Mahmed's blog [21] (од жирито и од публиката)

И најдобриот блог на англиски….

Хишам Кхрибчи [22] и Џулијан Јорк [23], двајцата автори на Глобал војсис, беа почестени со двете од наградите и од жирито и од публиката [24] за нивниот веб сајт, Talk Morocco [25], кој беше награден во категоријата најдобар блог на англиски. Сајтот има цел да ја поттикне комуникацијата помеѓу различни фракции на мароканската блогосфера и меѓу неговите придонесувачи брои многу блогери, новинари и активисти за човекови права.

Честитки за сите добитници!!

[26]

Talk Morocco е прогласен за победник на конференцијата RePublica во Берлин, слика од Сами Бен Гарбија