Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Kиргистан: Последиците од народното востание

Во изминатата недела, вниманието на киргистанските блогери беше цврсто насочено кон политичките настани во оваа мала, планинска земја во централна Азија. Низ целата земја, беа одржани комеморации за оние луѓе кои загинаа во судирите помеѓу владата и опозицијата на 7 и 8 април.

Сергеј Висоцки, неуморниот извор зa настаните кои се случуваа во регионот Исик Кул (Issyk Kul), известува за неодамнешно формираниот фонд од страна на средното училиште бр.6 Чеков во Каракол. Фондот е наменет за помош на семејствата на 6 поранешни жители од регионот кои го загубија животот во судирите [руски]:

„Нашата болка е многу искрена, го изразуваме нашето најдлабоко сочувство до ужалените семејства,” му рече училишната директорка Раиса Каримова на блогерот и новинар Висоцки. „Нашиот одбор реши да префрли една дневница во Фондот за децата останати без татковците,” продолжи. „Можеби нашиот скромен паричен придонес не е ништо повеќе од капка во океанот, но без такви капки не може да биде море.”

Фондот достигна до 7 илјади сома – валута на Киргистан (160 долари).

Друг корисник, оптимист, го резимира миксот од емоции кои ја придружуваа револуцијата, во кус, шарен пост [руски]:

„Имам толку многу што сакам да напишам за неодамнешните „настани” во мојата земја. Но, зборовите не се сложуваат во реченици: хаос, демонстрации, напади, убиства, провокации, прес-конференции, фалење, лажење, патриотизам, крв, насилство, солзи, пијанства, кражби, полиција, извици на толпата, фотограф, област, страв, викање, пари, клеветење, војници, знаме, чад, дожд, Tвитер, граница, ноќ, несигурност, надеж …”

Секако, надежта е актуелната тема во обидот на блогерите да најдат зборови за животот под нововоспоставената преодна влада во државата.

Но, други блогери се покритични за политичката состојба во Киргистан. Theseabiscuit ја обвинува преодната влада за директно мешање во нападите и пустошењата кои го срушија целосниот поредок во Киргистан [руски]:

„Веројатно, народот не треба да се обвинува за овие настани,” расудува theseabiscuit . „Во секој случај, движечката сила на револуцијата е, секогаш елитата. Под влијание на елитата, во секоја смисла, ништо и никаде нема да функционира.”

Во постот насловен како „Мојата душа ме боли за мојот роден Киргистан”, Адилетс го подвлекува [руски] паѓањето на режимот на Бакиев како почеток на втората половина од 2009 и придонесува за нивната „растечка доверба“ по овој период. Адилетс исто така, го слави намалувањето на 60 тини (tiyin) (USD 0.01)за наплата на мобилните конекции, непопуларна мерка под владеењето на избеганиот претседател.

Блогот на англиски јазик thespektator пишува за бизарната врска меѓу Баки и англискиот фудбалски клуб Блекпул, како една идеја успева да пронајде малку хумор во трагичната ситуација, адаптирајќи еден стар советски израз кој се однесува на револуцијата како на обична практика во државата:

„Секој Киргистанец ,” пишува корисникот , „треба, во текот на својот живот,да изгради куќа, да посади дрво, да израсне син и да влезе во Белата Куќа.”

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.