Што бара Картер во Средниот Исток?

Поранешниот американски претседател Џими Картер тукушто заврши со разговорите со палестинските лидери на Хамас во Каиро, Египет. Прво, американските претседателски кандидати ја критикуваа посетата. Сега, блогерите од регионот им се придружија за да ја отфрлат.

Вил од палестинскиот блог Кабобфест саркастично пишува:

Неговата посета ги поткопува Американско/Израелските политиките за преговарање за палестинските избори, откако неколку години ги побаруваат. Тоа создава бранувања во нивната брилијантна визија за мир за игнорирање на половина од Палестинците, истата половина која владее со Газа.

Вил продолжува:

Што овој чукнат екс-нобеловец ќе предложи следно? Да ги приклучиме Сирија и Иран во регионалните разговори за мир? Ха!

Суданскиот Мислител, од Судан, за патувањето на Картер во Средниот Исток вели:

… базирана е на добронамерни цели, но всушност е благодарност со мани за “супер религиозните, без компромисни“ умови на луѓето со кои сака да разговара. Го нагласувам делот со “добронамерните цели“ бидејќи карактеризацијата на Џими како злобен и анти-семитски е нешто со што јас не се согласувам. Разбирам дека насловот на неговата злогласна книга е провокативен, но тоа не значи дека поради тоа е обвинет. Покрај се, Картер беше оној кој преговараше за договорот за мир помеѓу Египет и Израел.

Тој потоа додава:

Мислам дека Картер не разбира дека Хамас – како ал-Каеда – не е типичен рационален непријател. Нивните религиозни радикали (десницата) војуваат за да го повратат она што тие го сметаат за “Земја на Исламот“. Ова е причината поради која се сомневам дека Хамас некогаш ќе се согласи на вистински и долготраен мир. Но, сепак му давам признание на Џими што се обиде. Плус, никогаш не се знае. Тој можеби ќе успее да го убеди Хамас да го ослободи Гилад Шалит.

Од Израел, Ауси Даве пишува:

Тој можеби е изнемоштен и неразумен, но Џими Картер всушност е поранешен претседател на Соединетите Држави. Затоа кога одлучи да се сретне со терористичка група, која има цел да го уништи Израел, покажа дека ги смета терористичките групи за легитимни.

Тој исто така заклучува:

Јас се согласувам со Шимон Пирес за ова прашање. Картер многу му наштети на Израел и на процесот за мир и продолжува да го прави тоа.

Раби Јохана детално го испитува ставот на Картер за Тибет и Дарфур. Свртувајќи го своето внимание на Средниот Исток, блогерот објаснува:

Денес Картер талка низ Израел, посетувајќи го Сдерот, одбиен е од лидерите на Израел и игнориран од Шин Бет. Секоја добра волја која беше создадена кога тие го склучија договорот за мир со Египет пред скоро 30 година исчезна. Имам само една сугестија за Израелците – подмирете си ги долговите. За ништожни 5 милиони или така нешто, Картер може да ги “разгледа одново“ своите гледишта за темата. Тој може да “има ново разбирање“ и да стане повеќе како сојузник. Ние исто така може да најдеме писател дух од Шалем центарот кој ќе создаде нова книга.

Како што се вели во Пиркеи Авот, “K’ne l’cha chaver “, “побарај пријател за себе“. Многу подобро за Израел е да го подржува Џими Картер со бакшиш, отколку да го одбива.

Сè уште во Израел, Батја се сомнева во објективноста на Картер и вели:

Поранешниот претседател на САД Џими Картер го гледа светот низ извртени леќи. Да, тоа е најдобриот начин со кој можам да го опишам. Тој го окривува Израел за се.

Но Картер сепак успеа да добие поддршка од нов обожувач од Средниот Исток. Египетскиот блогер Зеинобиа ни кажува колку многу го обожува поранешниот американски претседател, велејќи:

Озбилно, се повеќе го сакам овој човек. Овој човек е меѓу неколкуте кои го знаат вистинското значење на преговорите за мир, вистинското значење на преговорите за мир според моето скромно мислење е да се седне со сите вклучени во конфликтот, дури и оние со крв на рацете, и да се ислушаат со цел да се постигне договор.

Навистина го ценам за неговата храбра одлука да создаде директна врска со Хамас и Сирија како примарни учесници во конфликтот на Средниот Исток без разлика на тоа што се зборува, без разлика што американските, израелските и египетските медиуми велат, ова е тоа што треба да се направи за доброто на сите од Средниот Исток ако навистина сакаме мир.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.